Тампа Беј е новиот НФЛ шампион, откако тимот предводен од неверојатниот Том Брејди, дојде до победа над минатогодишниот шампион Канзас Сити со 31:9 во 55. издание популарниот Супер Боул.
Тампа Беј по вторпат во историјата го освојува шампионскиот наслов. Квотербекот на Тампа Беј, Том Брејди стигна до седмата победа во Суперболот. Денес Брејди го понесе трофејот за првпат со Тампа Беј, за кој игра од 2020 година. Пред тоа, 43-годишниот Американец играше за Ингланд Ингланд Патриотс и шестпати стануваше шампион на НФЛ лигата (2002, 2004, 2005, 2015, 2017, 2019).