Македонската сениорска кошаркарска репрезентација денеска го одработи и вториот тренинг во салата „Молот“ во Перм. Тренираа сите 15. кошаркари на кои смета селекторот Александар Тодоров за турнирот кој го стартуваме утре попладне, поточно од 15.30 часот кога го играме дуелот против селекцијата на Италија.
Селекторот Тодоров ќе ги објави 12.кошаркарки кои ќе влезат во протоколот за овој натпревар по техничкиот состанок со официјалните лица на ФИБА, односно комесарите на „балонот“ во Перм, предвиден за доцна попладне.
Стручниот штаб на нашата селекција во меѓувреме ќе одлучи дали ќе го искористи и терминот за тренинг предвиден на денот на одигрување на натпреварот со Италија. Според распоредот одреден од ФИБА и од организаторот на „балонот“, Македонија може да тренира и во четврток, во периодот од 11.00 до 11.45 часот по локално време, односно 07.00-07.45 по македонско време.