Микел Хансен ќе се врати во данскиот ракомет! Веста за денот доаѓа од данската телевизија ТВ2 Спорт, која објави дека најдобриот лев бек на деценијата е пред враќање во домашниот ракомет по една деценија во странство.
34-годишниот бек на ПСЖ, кој имаше многу повеќе успеси во репрезентативниот дрес со кој освои се што може да се освои, но тешко му одеше во елитните европски тимови, потпишал тригодишен договор со Алборг од летото 2022 година.