Голманот на Барнли, Ник Поуп, е на мета на Тотенхем, пишува Дејли меил. Според изворот, клубот бара замена за Уго Љорис, кој се поизвесно ќе се пресели во ПСЖ на лето. Договорот на Љорис со Тотенхем завршува во летото 2022 година, а Тотенхем сака да го подмлади ставот со нов голман, па затоа почна да се врти кон Ник Поуп од Барнли. Поуп оваа сезона одигра 25 натпревари за Барнли, прими 26 гола и деветпати остана несовладан.
Author: saso
Извонредниот Лука Дончиќ, беше голем херој на Далас во драматичната победа над Бостон синоќа од 110:107, откако на 15 секунди до крајот на мечот, успеа да погоди две тројки и да им донесе нова победа на своите соиграчи во регуларниот дел од сезоната. Со 31 поен Дончиќ беше прв стрелец на мечот., а имаше и 10 скока и 8 асистенции. НБА РЕЗУЛТАТИ: Кливленд – Атланта 112-111 Орландо – Детроит 93-105 Бруклин – Сакраменто 127-118 Далас – Бостон 110-107 Њујорк – Голден Стејт 106-114 Торонто – Филаделфија 102-109 Милвоки – Минесота 139-112 Денвер – Портланд 111-106 ЛА Клиперс – Вашингтон 135-116
НБА лигата утрово ги објави имињата на играчите кои ја добиле поканата за учество на Ол-Стар натпреварот што ќе се одигра на 7 март во Аталанта. Од Источната конференција, покани примиле кошаркарите кои ќе бидат резерви и тоа: Џејлен Браун (Бостон Селтикс), Џејсон Тејтум (Бостон Селтикс), Џејмс Харден (Бруклин Нетс), Зак ЛаВин (Чикаго Булс), Бен Симонс (Филаделфија 76ерс), Џулиус Рендл (Њујорк Никс), Никола Вучевиќ (Орландо Меџик). Од Западната конференција ќе се појават како резерви во тимот: Демијан Лилард (Портланд Трејл Блејзерс), Донован Мичел (Јута Џез), Крис Пол (Феникс Санс), Ентони Дејвис (ЛА Лејкерс), Пол Џорџ (ЛА Клиперс), Зион Вилијамсон (Њу…
Ракометарите на металург синоќа беа убедливо поразени на гостувањето кај Фиверс во меч од новото коло во ЕХФ Европската лига. Австријците славеа со 45:30, а голманот Даниел Дупјачанец имаше сосема солидна партија со своите 14 одбрани. „Фиверс одигра добар натпревар, честитки за победата. Ние не одигравме онака како што се договоривме и затоа примивне 45 голови. Немаше агресивност во нашата одбрана, затоа резултатот не е изненадување. Од друга страна треба да се каже дека секој меч во Европската лига е искуство повеќе за нашите млади ракометари. Сепак треба на секој меч да се игра максимално, пред нас е многу работа“,…
Тренерот на Лацио, Симоне Инзаги, вели дека неговите играчи направиле директни грешки за да му помогнат на Баерн да забележи убедлива победа во првиот натпревар од осминафиналето во Лигата на шампионите од 4:1. „Бевме премногу напнати од самиот почеток. Сами им подаривме три од четирите гола. Грешките не се простуваат на ова ниво. Разочарани сме, иако сме свесни дека е успех воопшто да се игра во осминафиналето од Лигата на шампионите“, истакна Инзаги и додаде: „Против екипи како Баерн, мора да бидете на 100 проценти, да обезбедите добра игра во сите сегменти и да се надевате дека ривалот нема да…
Тренерот на Баерн (М), Ханси Флик вели дека играчите ги исполниле сите негови очекувања во триумфот над Лацио во првиот натпревар од осминафиналето во Лигата на шампионите. Европскиот шампион славеше во Рим со 4:1 и практично веќе обезбеди пласман во четвртфиналето. „Сите играчи ги исполнија очекувањата. Нашата намера беше да ги ставиме под притисок од почетокот на средбата и го сторивме тоа. Освојувавме топки високо во нивната половина, создадовме многу можности и убедливо славевме. Многу сум среќен“, изјави Флик. Реваншот е закажан за 17 март во Минхен.
Со својата посветеност на спортот и работата веќе 16 години опстојуваме во скопскиот и македонскиот етер. Годинава поради светската пандемија, за жал, не можеме да направиме голема дружба со сите наши пријатели, партнери, деловни соработници, спортски пријатели… Спортското радио 90.3 фм во сите години остана доследно на својата определба – спорт и добра музика. За оние кои го сакаат спортот, тука сме секојдневно да ги донесеме најновите вести и информации и од домашната и од меѓународната сцена. За оние кои музиката им е предизвик, тука сме да потсетиме на најголемите некогашни и сегашни музички хитови. Ви благодариме за љубовта со…
Машката сениорска репрезентација на Македонија ќе тргне во решавачката битка за пласман на Европското Првенство со истата група на играчи кои стигнаа до првата победа во овој квалификациски циклус. Селекторот Александар Тодоров одлучи дека тимот кој победува не треба да се менува, па денеска, во 15 часот во Арената „Молот“ во Перм, ќе истрчаат истите 12. кошаркари кои вчера ја совлада Италија (87:78). Дамјан Робев, Лука Савичевиќ, Бојан Крстевски, Дамјан Стојановски, Кристијан Николов, Андреј Магдевски, Бојан Трајковски, Теодор Симиќ, Џејкоб Вајли, Војдан Стојановски, Ненад Димитријевиќ и Стојан Ѓуроски.
Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер призна дека тимот одигра добро само во второто полувреме на мечот со Њукасл и затоа е среќен поради остварената победа од 3:1. „Не можеме да влијаеме на другите тимови, мора да се фокусираме на нашата игра и да бидеме најдобрата верзија на Манчестер Јунајтед на секој натпревар. Се случуваат различни работи, има изненадувања во фудбалот. Во првиот дел не бевме на нивото, па мораше малку да го зголемиме темпото по паузата, особено во последната третина. Секогаш е тешко да се игра по настапите во европски турнири. Иако доминиравме во однос на поседот на…
Горан Иванишевиќ, тренерот на српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, по победата на Ноле на Австралија опен, вели дека Шпанецот Рафаел Надал и Ѓоковиќ ќе го престигнат Федерер по бројот на освоени трофеи. „Пред неколку години реков дека Рафа и Новак ќе го поминат Федерер. И сè уште сум сигурен во тоа. Овие момци ме изненадуваат секој ден. Рафа дефинитивно ќе освои барем уште еден турнир, се надевам дека нема два. Тие се неверојатни. Момците играат сè подобро и подобро. Младите тенисери се се поблиску, но големата тројка е се подобра. Не знам кога ќе заврши нивната доминација. Можеби тие ќе ги…
