Интер се надева дека ќе успее да го договори голманот на Јувентус, Матија Перин како ново засилување на лето. „Нероазурите“ бараат играч кој ќе биде алтернатива на капитенот Самир Хандановиќ. Јувентус е подготвен да го продаде голманот, а Интер се надева дека ќе биде постигнат договор за размена, во кој ќе може да го вклучи играчот за врска Матијас Весино. Перин моментално игра на позајмица во екипата на Џенова.
Author: saso
Ракометарите на Металург одиграа нерешено 27-27 против шпански Адемар Леон во вечерашниот дуел во Скопје од ЕХФ Европската лига. „Металурзите“ имаа константна предност во текот на целиот меч, но во финишот се бореа да се спасат од пораз. Во последните секунди од натпреварот, Металург погоди за реми, но воопшто немаше да биде незаслужено доколку нашиот преставник успееше и да слави против шпанската екипа. Серафимов беше најефикасен со седум погодоци, а пет постигна Калуѓеровиќ.
Еурофарм Пелистер и ракометарот Матео Мараш ја продолжија соработката за уште две сезони. Хрватскиот десен бек се обврза на нов договор, заклучно до јуни 2023 година. 20-годишниот сплиќанец дојде минатото лето на позајмица во Битола, а на обострано задоволство потпишан е нов договор. Со овој потег продолжува тенденцијата на Еурофарм Пелистер, започната во јануари, со продолжувањето на договорот со Мандалиниќ и во февруари со тренерот Жељко Бабиќ.
Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп очекува тројца клучни играчи на шампионот да се вратат во составот за дерби натпреварот со Челзи во четврток. Станува збор за голманот Алисон Бекер, кој го пропушти мечот со Шефилд Јунајтед по трагичната смрт на неговиот татко, како и Фабињо и Диого Жота. Последните двајца се опоравуваа од повредите. „Јас сум прилично сигурен дека Алисон и Фабињо ќе можат да играат. Диого беше со нас во хотелот, но се разболе и моравме да го вратиме дома. Се зависи од тоа колку брзо ќе се опорави. Минатата недела тој тренираше со тимот и изгледаше прилично добро.…
20-годишниот шпански дефанзивец од екипата на Манчестер Сити, Ерик Гарсија, кариерата ќе ја продолжи во Барселона. Тој ќе се пресели во каталонскиот клуб на лето како слободен агент, вели новинарот Фабрицио Романо. Според информациите, неговиот договор ќе биде на пет сезони, до летото 2026 година. Оваа сезона Гарсија има девет натпревари за Манчестер Сити. Инаку, тој е младинец на Барселона, од каде се пресели во Сити во 2017 година.
Дарио Ивановски нема да настапи на престојното Европско првенство во сала поради тоа што е позитивен на Ковид-19. Нашиот најдобар атлетичар со нетрпение го очекуваше и овој настап, но инфекцијата со Ковид-19 го спречи во намерите. Ивановски пред извесно време ја освои балканската титула на 3000 метри на шампионатот во Истанбул итребаше оваа недела да настапи на европскиот шампионат во Торун, Полска.
Играчот за врска на Ливерпул, Куртис Џонс, својот гол на синоќешниот меч со Шефилд Ј. од 26. коло од англиската Премиер лига му го посвети на таткото на својот тимски колега Алисон Бекер. Хозе Бекер почина трагично минатата недела, а тоа беше и причината поради кога Алисон синоќа не беше на голот на „црвените“. „Беше тешко време за мене и за целиот тим, но среќен сум што постигнав гол. Би сакал да одвојам момент да му го посветам истиот на таткото на Али. Нека почива во мир. Али, ако го видиш ова, ова е за тебе, брате“, рече младиот Џонс.…
Селекторот на Германија, Јоаким Лев изјави дека е подготвен да размисли и да ги врати во репрезентацијата, дефанзивецот на Борусија Дортмунд, Матс Хумелс и играчите на Баерн Минхен, Томас Милер и Жером Боатенг. „Кога ќе почнете да менувате, не можете да напиштите се и да започнете комплетно да се движите во друга насока. Но, пандемијата трае скоро цела година, па сега е можно да се размисли за прекинување на овој процес доколку е потребно. Ако сметам дека има потреба од оние кои можат да додадат енергија, тогаш е можно враќање. Можам да ветам дека нема да исклучиме ништо и никого“,…
Јувентус ќе се обиде да го ангажира германскиот играч за врска од ПСЖ, Џулијан Дракслер, чиј договор со францускиот клуб истекува ова лето. Според информациите, Јувентус ќе го ангажира Дракслер само доколку фудбалерот е во добра физичката состојба. Германецот дојде во ПСЖ во 2017 година, а претходно играше за Волфсбург и Шалке 04. Оваа сезона, тој одигра само 15 натпревари во Лига 1, постигна три гола, со две асистенции. Во јануари за него беше заинтересиран Арсенал, но Дракслер не беше заинтересиран за заминување во Англија. Сега парижани го ставија Дракслер на трансфер листата поради финансиските потешкотии предизвикани од глобалната пандемија.
Голема е веројатноста Ерлинг Халанд ова лето да го напушти тимот на Борусија (Д). Повеќе англиски екипи ќе влезат во битка за неговиот потпис, а според весникот „Дејли Меил“, Германците веќе ја утврдиле цената на неговата слобода. Халанд може да ги напушти „милионерите“ за сума од 115 милиони евра. Иако во неговиот договор има клаузула која вреди 75 милиони евра (но стартува од следната сезона), многу лесно може да се случи некој гигант и ова лето да тргне по него и да ја плати бараната сума од германскиот тим.
