Ракометарите на Металург одиграа нерешено 27-27 против шпански Адемар Леон во вечерашниот дуел во Скопје од ЕХФ Европската лига.
„Металурзите“ имаа константна предност во текот на целиот меч, но во финишот се бореа да се спасат од пораз. Во последните секунди од натпреварот, Металург погоди за реми, но воопшто немаше да биде незаслужено доколку нашиот преставник успееше и да слави против шпанската екипа.
Серафимов беше најефикасен со седум погодоци, а пет постигна Калуѓеровиќ.