Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп очекува тројца клучни играчи на шампионот да се вратат во составот за дерби натпреварот со Челзи во четврток. Станува збор за голманот Алисон Бекер, кој го пропушти мечот со Шефилд Јунајтед по трагичната смрт на неговиот татко, како и Фабињо и Диого Жота. Последните двајца се опоравуваа од повредите.
„Јас сум прилично сигурен дека Алисон и Фабињо ќе можат да играат. Диого беше со нас во хотелот, но се разболе и моравме да го вратиме дома. Се зависи од тоа колку брзо ќе се опорави. Минатата недела тој тренираше со тимот и изгледаше прилично добро. Мислам дека треба да биде подготвен за четврток, но не можам да кажам со сигурност во моментов. Фабињо веќе тренираше двапати со тимот“, изјави Клоп.