Играчот за врска на Ливерпул, Куртис Џонс, својот гол на синоќешниот меч со Шефилд Ј. од 26. коло од англиската Премиер лига му го посвети на таткото на својот тимски колега Алисон Бекер.
Хозе Бекер почина трагично минатата недела, а тоа беше и причината поради кога Алисон синоќа не беше на голот на „црвените“.
„Беше тешко време за мене и за целиот тим, но среќен сум што постигнав гол. Би сакал да одвојам момент да му го посветам истиот на таткото на Али. Нека почива во мир. Али, ако го видиш ова, ова е за тебе, брате“, рече младиот Џонс.
Well done boys! 3pts and a goal 💪….That was for you brother! @Alissonbecker ❤️ pic.twitter.com/bXdnU7oa8R
— Curtis Jones (@curtisjr_10) February 28, 2021