Голема е веројатноста Ерлинг Халанд ова лето да го напушти тимот на Борусија (Д). Повеќе англиски екипи ќе влезат во битка за неговиот потпис, а според весникот „Дејли Меил“, Германците веќе ја утврдиле цената на неговата слобода.
Халанд може да ги напушти „милионерите“ за сума од 115 милиони евра. Иако во неговиот договор има клаузула која вреди 75 милиони евра (но стартува од следната сезона), многу лесно може да се случи некој гигант и ова лето да тргне по него и да ја плати бараната сума од германскиот тим.