Author: saso

NBA

Ѕвездата на Бруклин Нетс, Кевин Дурент ќе го пропушти годинашниот „Ол стар“натпревар во Атланта на 7 март. Дурант требаше да биде капитен на една од екипите на натпреварот „Ол стар“, но ќе мора да го пропушти овој кошаркарски спектакл поради повреда на бутниот мускул на левата нога. Поради истата повреда, тој ги прескокна последните шест натпревари на својот тим, а сега е објавено дека нема да игра на на преостанатите три пред паузата за „Ол стар“, ниту во самиот „Ол стар“ меч.

Read More

Македонскиот ракометен првак Вардар го продолжува жестокото темпо со натпревари овој февруари. Денеска „црвено-црните“ с егости на Мотор во Украина, во нов меч од СЕХА лигата. Во Запорожје „вардарци“ ги чека тежок меч, какви што впрочем и играа секогаш досега на овие гостувања. И денеска Алушовски ќе биде без Борко Ристовски кој е повреден, како и без Ловро Јотиќ кој има Ковид-19. Дуелот стартува во 20.15 часот, а Вардар на двете последни гостувања кај Мотор има 50-50%, една победа и еден пораз.

Read More

Попладнево (17.45 ч.) во битолската сала „Боро Чурлевски“, екипата на Еурофарм Пелистер ќе го одигра третиот натпревар од новата сеозна во СЕХА лигата. Противник е екипата на Татран Прешов. Гостувањето на словачкиот шампион е можност полека тимот да ја врати препознатливата форма во регионалното натпреваривање. „Максимално подготвен го дочекувам мечот против Татран Прешов. Се надевам дека ќе се вратам на нивото на кое што бев пред повредата. Одложувањето на натпреварот против Рајн Некар Левен ни отвори шанса повеќе да се спремаме за Словаците. Се подготвуваме за нивниот целокупен тим, сепак доаѓаат со играчите кои го влечат товарот во екипата. Ги…

Read More

Напаѓачот на Вест Хем, Мајкл Антонио, реши во наредниот период наместо во репрезентацијата на Англија, да игра за Јамајка. Тој ја објасни одлуката со желбата да заигра на Светското првенство во Катар во 2022 година. Во неколку наврати, Антонио доби покана да игра за „Гордиот Албион“, но никогаш не доби шанса во првиот тим. Интересно е што тој ја одби поканата на Јамајка во 2016 година со образложение дека сака да се бори за место во репрезентацијата на Англија. Сега ќе игра во репрезентацијата на Јамајка со поранешните премиерлигаши Мајкл Хектор и Боби Декордов. Најзвучното име на тимот е секако…

Read More

Клиничката состојба на Алфредо Кинтана, ракометниот голман на Порто и на португалската репрезентација, кој во понеделникот претрпе кардиореспираторен застој е „многу сериозна“ и со „многу лоша прогноза“, изјави денеска изворот на болницата каде се наоѓа ракометарот. 32-годишниот Кинтана останува хоспитализиран, во индуцирана кома, во единицата за интензивна нега.

Read More

Светскиот рекет број два, Шпанецот Рафаел Надал, е принуден да го откаже настапот на турнирот од серијата АТП 500 во Ротердам, поради болки во грбот, соопшти во четвртокот раководството на турнирот, закажан за 1 до 7 март. Шпанецот беше запрен на Австралија опен во четвртфиналето во кое загуби од Гркот Стефанос Циципас, што му се случи само по втор пат во кариерата на Грен Слем турнирите. Својот втор и последен настап во Ротердам Надал го имаше во 2009 година, кога во финалето беше поразен од Британецот Енди Мареј.

Read More

Македонскиот фудбалски репрезентативец, Енис Барди повторно се повреди. Како што утрово јавија од неговиот клуб Леванте, тој има мускулна повреда на десната нога. Ова е утврдено со медицинските тестови што се практикуваат при секоја непријатност која ќе ја доживее некој од фудбалерите за време на тренинг. Барди нема да биде на располагање за петочниот натпревар против Атлетик Билбао, а опоравувањето ќе продолжи и следната недела, па останува неизвесно дали тој ќе може да игра и во Купот на Шпанија.

Read More
NBA

Далас Маверикс, кој во моментов е деветти во Западната конференција во НБА лигата, сака да го трејдува Кристапс Порзингис, шпекулираат американските медиуми. Сепак, денеска со свој став излезе сопственикот Марк Кјубан кој ги  негираше гласините. „Тоа не е точно, воопшто не разговаравме за тоа во ниту еден можен трејд. Тоа нема да се случи“, категоричен е Кјубан. Досега оваа сезона, 25-годишниот Порзингис има просек од 20,5 поени и 8,2 скока.  Далас во моментов има скор од 14 победи и 15 порази.

Read More

Нил Ленон и официјално не е повеќе менаџер на Селтик. Шкотскиот тим денеска ја потврди информацијата, откако Ленон вчера го известил клубот дека заминува. „Имавме тешка сезона од многу причини. Фрустрирачки и разочарувачки е што не успеавме да одиграме на исто ниво како претходните години. Работев напорно, како и секогаш, да ги свртам работите во наша полза. За жал, не успеав. Отсекогаш давав се од себе за клубот и горд сум на сработеното. Селтик секогаш ќе биде дел од мене и јас секогаш ќе бидам негов навивач“, изјави 49-годишниот стручњак. Селтик во неделата беше поразен од Рос Каунти и во…

Read More

По неуспехот да се квалификуваат за 41. издание на водечката манифестација во Европа, Австрија, Данска, Летонија, Црна Гора, Македонија, Романија, Шведска и Швајцарија ќе го започнат патот кон Светскиот куп во 2023, од второто коло на Европските претквалификации, кои треба да се одржат во август 2021 година. Претходно преку првиот круг од претквалификациите, селекциите на Белорусија, Исланд, Португалија и Словачка, се квалификуваа  за наредната фаза од претквалификациите, Овие 12. национални тимови ќе се натпреваруваат во четири групи од по три екипи за вкупно осум места на пласман на европските квалификации за Светскиот куп. Место во регуларниот дел од квалификациите ќе изборат најдобрите две…

Read More