Македонскиот ракометен првак Вардар го продолжува жестокото темпо со натпревари овој февруари. Денеска „црвено-црните“ с егости на Мотор во Украина, во нов меч од СЕХА лигата.
Во Запорожје „вардарци“ ги чека тежок меч, какви што впрочем и играа секогаш досега на овие гостувања. И денеска Алушовски ќе биде без Борко Ристовски кој е повреден, како и без Ловро Јотиќ кој има Ковид-19.
Дуелот стартува во 20.15 часот, а Вардар на двете последни гостувања кај Мотор има 50-50%, една победа и еден пораз.