Ѕвездата на Бруклин Нетс, Кевин Дурент ќе го пропушти годинашниот „Ол стар“натпревар во Атланта на 7 март.
Дурант требаше да биде капитен на една од екипите на натпреварот „Ол стар“, но ќе мора да го пропушти овој кошаркарски спектакл поради повреда на бутниот мускул на левата нога. Поради истата повреда, тој ги прескокна последните шест натпревари на својот тим, а сега е објавено дека нема да игра на на преостанатите три пред паузата за „Ол стар“, ниту во самиот „Ол стар“ меч.