Македонскиот фудбалски репрезентативец, Енис Барди повторно се повреди. Како што утрово јавија од неговиот клуб Леванте, тој има мускулна повреда на десната нога.
Ова е утврдено со медицинските тестови што се практикуваат при секоја непријатност која ќе ја доживее некој од фудбалерите за време на тренинг.
Барди нема да биде на располагање за петочниот натпревар против Атлетик Билбао, а опоравувањето ќе продолжи и следната недела, па останува неизвесно дали тој ќе може да игра и во Купот на Шпанија.