Нил Ленон и официјално не е повеќе менаџер на Селтик. Шкотскиот тим денеска ја потврди информацијата, откако Ленон вчера го известил клубот дека заминува.
„Имавме тешка сезона од многу причини. Фрустрирачки и разочарувачки е што не успеавме да одиграме на исто ниво како претходните години. Работев напорно, како и секогаш, да ги свртам работите во наша полза. За жал, не успеав. Отсекогаш давав се од себе за клубот и горд сум на сработеното. Селтик секогаш ќе биде дел од мене и јас секогаш ќе бидам негов навивач“, изјави 49-годишниот стручњак.
Селтик во неделата беше поразен од Рос Каунти и во моментов е втор на табелата, со големи 18 бода негатива во однос на водечкиот Ренџерс. До изборот на нов менаџер, екипата ќе ја води помошникот Џон Кенеди.