Попладнево (17.45 ч.) во битолската сала „Боро Чурлевски“, екипата на Еурофарм Пелистер ќе го одигра третиот натпревар од новата сеозна во СЕХА лигата. Противник е екипата на Татран Прешов.
Гостувањето на словачкиот шампион е можност полека тимот да ја врати препознатливата форма во регионалното натпреваривање.
„Максимално подготвен го дочекувам мечот против Татран Прешов. Се надевам дека ќе се вратам на нивото на кое што бев пред повредата. Одложувањето на натпреварот против Рајн Некар Левен ни отвори шанса повеќе да се спремаме за Словаците. Се подготвуваме за нивниот целокупен тим, сепак доаѓаат со играчите кои го влечат товарот во екипата. Ги анализиравме добро и се надевам дека ќе се покажеме во вистинско светло, бидејќи натпреварот е многу важен за нас, за да го осигураме второто место во групата во СЕХА лигата“, вели Мартин Велковски пред денешниот дуел.
Битолчани во првите два меча во групата имаат по една победа и пораз.

