Author: saso

Легендата на хрватскиот и екс-југословенскиот ракомет, Златко Сарачевиќ (59) почина вчера во болницата во Копривница, откако доживеал срцев удар веднаш по дербито меѓу Подравка и Локомотива. Хрватските весници објавија дека тој починал во локалната болница откако не успеал обидот за негова реанимација. Легендата на хрватскиот ракомет жестоко ја прослави победата на Подравка над Локомотива достојна за титулата. Откако ја дал својата изјава по мечот, му се слошило, по што настанала вистинска драма, а брзтаа помош го пренела во болницата во Копривница.

Read More

Најдобриот македонски атлетичар во моментов, Дарио Ивановски е новиот балкански шампион на 3.000 метри во сала. На денешното Балканско првенство во сала, кое се одржува во Истанбул (Турција), Дарио го освои првото место и златниот медал со резултат од 8:03:95. Овој голем успех е најава за неговиот настап и на Европското првенство во сала кое ќе се одржи следниот викенд во Торун (Полска).

Read More

Драган Стојковиќ – Пикси ќе биде новиот селектор на Србија, потврдил лично тој во изјава за белградската телевизија, Б92. Тој во куса изјава за Б92 вели: „Да, јас ќе бидам селектор на Србија“. Пикси доби документи од Кина со кои се потврдува дека договорот со Гвангжу ќе биде раскинат. Тој ќе биде селектор на Србија во следните два циклуса, во борбата за пласман на Светското првенство во Катар и за следното ЕУРО. Проблемот со неговото именување за селектор на Србија беше во тоа што поранешниот ас на Црвена звезда имаше активен договор со Гвангжу, кој доби голема компензација за раскинување…

Read More

По вчерашниот пораз од Русија во квалификациите за ЕП 2022 во Перм, селекторот Александар Тодоров го потенцираше оној психолошки момент присутен во тимот, откако имале прилика да ја видат играта и резултатот на првиот меч во „балонот“ во Перм, во кој Естонија ја изненади Италија и се приближи до пласман на ЕП. „Тешко беше да се концентрираме и психолошки да се подготвиме, не толку во однос на нашиот противник, колку што нè изненади првиот меч од денешната програма, меѓу Естонија и Италија. Без оглед на сè, Мораме да ги кренеме главите и да продолжиме понатаму. Ни претстои слободен ден, а…

Read More

По двата меча со полскиот вицепрвак Висла Плоцк и двата убедливи порази на гостински терен, попладнево во Скопје, ракометарите на Металург ги чека нов дуел од Лигата на Европа. Овој пат доаѓа екипата на Чеховски Медведи која ќе биде нова шанса за ракометарите на Оливер Димитриоски за подобар настап. Рускиот шампион Чеховски Медведи во Скопје дојде по триумфот над австрискиот Фиверс. За денешниот дуел кој се игра во СЦ „Борис Трајковски“ со почеток од 18 часот, Металург има две промени во ростерот. Во тимот се враќа Златко Хорват, заедно со Мице Шилегов и Марко Тарабокија, кои не настапија на претходните…

Read More

Пред дуелот со Елверум предводникот на Вардар, Стевче Алушовски вели дека следува една тешка недела со четири меча за „вардарци“, но дуелите со Норвежаните се шанса за победа, особено по несреќните порази до ПИК Сегед. „Не очекува една пеколна недела. Ќе треба да одиграме 4 натпревари, два од Лигата на шампионите, една од СЕХА лигата и еден од домашниот куп. Ќе одиме меч по меч. Одигравме два меча со Сегед на кои бевме блиску, но не успеавме да победиме. Сега мора да гледаме напред и на мечот со Елверум кој не очекува. Тоа е тим кој не е наивен, не…

Read More

Јапонската тенисерка Наоми Осака денес славеше во финалето од Австралија Опен. Таа ја совлада Американката Џенифер Брејди во два сета со 6:4 и 6:3. Осака ја оправда улогата на фаворит и за нешто повеќе од еден час игра успеа да го реши мечот. За Наоми ова беше четврта Грен Слем титула во кариерата. Утре во Мелбурн е машкото финале во кое ќе се сретнат Ѓоковиќ и Медведев.

Read More

Швајцарската скијачка Лара Гут-Бехрами е новата светска шампионка во велеслалом. Таа денеска со време од 2:30,66 минути во двете трки успеа да се искачи на највисокото место на подиумот, оставајќи ја зад себе олимписката шампионка Микаела Шифрин. Американката заостана само две стотинки зад победничката. Третото место и бронзата и припадна на Австријката Катарина Линсбергер со девет стотинки заостанување. По првото возење, Американката Микаела Шифрин беше прва, а нејзината сонародничка О’Брајан втора, но О’Брајан имаше лошо второ возење кое ја остави далеку од подиумот.

Read More

Новак Ѓоковиќ е прв финалист на Австралија опен. Во полуфиналето утрово, тој го совлада Русинот Аслан Карацев во три сета 6:4, 6:3, 6:2. Новак се пласираше во деветтото финале на Австралија опен, во кое ќе се обиде да стигне до деветтата титула, и 18-от грен слем пехар во кариерата. Во финалето, за деветта титула во Мелбурн, Новак ќе игра против подобриот од дуелот во кој утре се среќаваат Данил Медведев и Стефанос Циципас.

Read More

Кошаркарите на Куманово првиот меч од втората фаза на БИБЛ лигата на гости кај Хапоел Холон во Израел ќе го играат пред навивачи. Како што објавија од балканската кошаркарска лига Хапоел Холон ќе биде првиот тим во Израел оваа сезона на кој му е дозволено да има навивачи во салата. Тоа ќе се случи на 23-ти февруари кога ќе започне втората фаза од натпреварувањето со натпреварот против Куманово. Како што најавија од БИБЛ лигата на 300 навивачи ќе им биде дозволен влез во „Тото Арената“ и тоа ќе биде првиот меч во Израел на кој ќе има присуство на навивачи…

Read More