Кошаркарите на Куманово првиот меч од втората фаза на БИБЛ лигата на гости кај Хапоел Холон во Израел ќе го играат пред навивачи. Како што објавија од балканската кошаркарска лига Хапоел Холон ќе биде првиот тим во Израел оваа сезона на кој му е дозволено да има навивачи во салата.
Тоа ќе се случи на 23-ти февруари кога ќе започне втората фаза од натпреварувањето со натпреварот против Куманово.
Како што најавија од БИБЛ лигата на 300 навивачи ќе им биде дозволен влез во „Тото Арената“ и тоа ќе биде првиот меч во Израел на кој ќе има присуство на навивачи на трибините, бидејќи досега сите натпревари во Израел во сите спортови се играа без гледачи.
По скоро една година, навивачите ќе можат да присуствуваат на меч на Хапоел Холон.
