Јапонската тенисерка Наоми Осака денес славеше во финалето од Австралија Опен. Таа ја совлада Американката Џенифер Брејди во два сета со 6:4 и 6:3. Осака ја оправда улогата на фаворит и за нешто повеќе од еден час игра успеа да го реши мечот.
За Наоми ова беше четврта Грен Слем титула во кариерата. Утре во Мелбурн е машкото финале во кое ќе се сретнат Ѓоковиќ и Медведев.

