По двата меча со полскиот вицепрвак Висла Плоцк и двата убедливи порази на гостински терен, попладнево во Скопје, ракометарите на Металург ги чека нов дуел од Лигата на Европа. Овој пат доаѓа екипата на Чеховски Медведи која ќе биде нова шанса за ракометарите на Оливер Димитриоски за подобар настап.
Рускиот шампион Чеховски Медведи во Скопје дојде по триумфот над австрискиот Фиверс. За денешниот дуел кој се игра во СЦ „Борис Трајковски“ со почеток од 18 часот, Металург има две промени во ростерот. Во тимот се враќа Златко Хорват, заедно со Мице Шилегов и Марко Тарабокија, кои не настапија на претходните натпревари.