Далас Маверикс, кој во моментов е деветти во Западната конференција во НБА лигата, сака да го трејдува Кристапс Порзингис, шпекулираат американските медиуми. Сепак, денеска со свој став излезе сопственикот Марк Кјубан кој ги негираше гласините.
„Тоа не е точно, воопшто не разговаравме за тоа во ниту еден можен трејд. Тоа нема да се случи“, категоричен е Кјубан.
Досега оваа сезона, 25-годишниот Порзингис има просек од 20,5 поени и 8,2 скока. Далас во моментов има скор од 14 победи и 15 порази.

