Еден од сопствениците на Манчестер Јунајтед, Аврам Глејзер, најави дека ќе ги продаде своите акции во клубот. Цената на истите во моментов се проценува на околу 100 милиони долари. Ова ќе значи дека семејството Глејзер по заминувањето на Аврам ќе остане со околу 3% помалку акции во Манчестер Јунајтед. Во моментов, Американците поседуваат 78% од имотот, а по раздвојувањето со споменатиот акционер, процентот ќе се намали на 74,9%. Одлуката е донесена само една недела откако клубот ги објави своите најнови финансиски резултати, според кои вкупните долгови на Манчестер Јунајтед се зголемија на 455,5 милиони фунти или за 64,5 милиони повеќе…
Author: saso
Менаџерот на Тотенхем, Жозе Мурињо го пофали Хари Кејн, кој ги постигна двата гола за победа од 2:0 над Динамо Загреб на првиот 1/8-финален натпревар од Лигата на Европа. „Заслуживме да постигнеме барем уште еден гол. Тогаш резултатот би бил пореален и би биле во подобра позиција пред реваншот. Но, ако ме прашаа пред натпреварот дали би бил среќен со победа од 2:0, ќе одговорев „да“. Динамо е опасен противник, особено на домашен терен, затоа мора да бидеме претпазливи. Тие немаат што да загубат и ќе ризикуваат“, рече Мурињо. „Хари Кејн прави што сака како врвен напаѓач. Постигнува голови, додава,…
Американските спортисти кои ова лето ќе учествуваат на Олимписките игри во Токио, ќе бидат вакцинирани многу порано отколку што се очекуваше и доволно долго пред самиот почеток на натпреварите, најавија шефовите на Олимпискиот комитет на САД. Ова важи и за параолимпијците кои ќе учествуваат на параолимписките игри подоцна во текот на оваа година. „Ние сме оптимисти и се надеваме дека спортистите на американскиот тим лесно и брзо ќе се вакцинираат. Некои од нив веројатно ќе бидат вакцинирани непосредно пред промоциите на тимовите и на нашите униформи со кои ќе отпатуваме во Јапонија”, рече извршниот директор на Олимпискиот комитет на САД,…
Рафаел Надал иако доби специјална покана од организаторите да учествува на турнирот во Дубаи, одби да игра на турнирот во најголемиот град на Обединетите Арапски Емирати. „Им благодарам на луѓето од Дубаи за вајлд-картата што ми ја испративте. Сериозно размислував да дојдам со мојот тим, но сè уште не сум подготвен да играм. Уште еднаш благодарам на организаторите и со среќа на натпреварот“ , напиша Рафаел Надал на својот Твитер профил. Рафаел Надал се пожали на болки во грбот за време на Австралија опен и се чини дека сè уште не го решил проблемот.
Македонскиот кошаркар Андреј Јакимовски и неговиот тим Вашингтон Стејт многу рано го завршија својот пат кон најдобрите „четири“ во НЦАА лигата. Тимот од престолнината го загуби првиот натпревар од плеј-оф турнирот на дивизијата Пацифик-12 што се одржува во Лас Вегас. Со тоа се практично елиминирани од трката за позиција погоре во актуелната сезона од НЦАА лигата. Кугарс загубија од Аризона Стејт со 64:59, во меч кој беше решен во последните секунди. Јакимовски не доби голем простор и на овој квалификациски меч. Одигра само четири минути во кои имаше само една украдена топка и еден непрецизен шут за два поена.
Поради проблем со левото колено, Димитар Димитриоски нема да биде дел од нашата ракометна селекција за вечерашниот меч со Данска во Скопје и реваншот на гостински терен. Селекторот Кире Лазаров на неговата позиција ќе ги има на располагање Манасков и Кузманоски.
По паузата за Ол-Стар натпреварот, синоќа се одиграа само два меча од продолжението на сезоната во НБА лигата. Далас дома со 115:104 го победи Сан Антонио, додека Мемфис исто така на свој паркет со 127:112 беше подобар од Вашинтон. За Далас ова беше четвртата последователна победа, а до неа ги водеше Лука Дончич со 22 поени, 12 скокови и 12 асистенции, што е негов осми „трипл-дабл“ учинок оваа сезона и 33-от во кариерата. Покрај Словенецот, во редовите на Далас се истакна и Кристап Порзингис со 28 поени и 14 скока. Во вториот дуел Јонас Валанчиунас со 29 коша и 20…
Откако Барселона и Јувентус го завршија своето европско патување веќе во осминафиналето од Лигата на шампионите, за првпат од 2005 година, Лионел Меси (33) или Кристијано Роналдо (36) нема да бидат во четвртфиналето од елитното натпреварување на „Стариот континент“. Барселона и Меси беа нокаутирани од ПСЖ, додека Јувентус, во чии редови игра Роналдо, испадна по продолженијата против Порто. Со ова веројатно завршува и уште една голема ера на овие фудалски ѕвезди.
Томас Бах е реизбран на позицијата прв човек на Интернационалниот олимписки комитет. Тој вчера победи на изборите со убедлив резултат 93-1 и ќе продолжи да раководи на кормилото на ИОК до 2025 година. Германецот го наследи Жак Рог на претседател на ИОК во 2013 година. Минатата година ИОК реши да ги одложи Олимпските игри во Токио и да ги презакаже за оваа година, но прашање е дали ќе може да се одржат со публика.
Утре Македонија ја очекува првата од двете средби со селекцијата на Данска во проролжението на квалификациите за ЕП. Нашата репрезентација е подготвена за предизвикот, а новиот селектор Лазаров вели дека е задоволен од она што го одработија на подготовките. „Мислам дека сме подготвени, имавме доволно време. Не случајно ги почнавме подготовките два дена порано. На време и се комплетиравме, последен се приклучи Пешевски во вторникот, останатите интернационалци во понеделникот. Мене ми е познат овој ритуал на подготовки, толку време имаат и останатите репрезентации, ние максимално го искористивме. Имавме добри услови и можам слободно да кажам дека добро сме подготвени. Играме…
