Откако Барселона и Јувентус го завршија своето европско патување веќе во осминафиналето од Лигата на шампионите, за првпат од 2005 година, Лионел Меси (33) или Кристијано Роналдо (36) нема да бидат во четвртфиналето од елитното натпреварување на „Стариот континент“.
Барселона и Меси беа нокаутирани од ПСЖ, додека Јувентус, во чии редови игра Роналдо, испадна по продолженијата против Порто. Со ова веројатно завршува и уште една голема ера на овие фудалски ѕвезди.