Американските спортисти кои ова лето ќе учествуваат на Олимписките игри во Токио, ќе бидат вакцинирани многу порано отколку што се очекуваше и доволно долго пред самиот почеток на натпреварите, најавија шефовите на Олимпискиот комитет на САД. Ова важи и за параолимпијците кои ќе учествуваат на параолимписките игри подоцна во текот на оваа година.
„Ние сме оптимисти и се надеваме дека спортистите на американскиот тим лесно и брзо ќе се вакцинираат. Некои од нив веројатно ќе бидат вакцинирани непосредно пред промоциите на тимовите и на нашите униформи со кои ќе отпатуваме во Јапонија”, рече извршниот директор на Олимпискиот комитет на САД, Сара Хиршланд.
Од вторникот наутро, беа дистрибуирани скоро 128 милиони нови дози вакцини за коронавирусот во САД.

