Напаѓачот на Ливерпул, Дивок Ориги, најверојатно следната сезона се враќа во Бундеслигата. Според информација на „Фудбал Инсајдер“, 25-годишниот Белгиец има понуда за трансфер во Борусија Дортмунд. Германскиот клуб може да го купи играчот за 14 милиони евра, а во меѓувреме се прават контакти за да се договорат личните услови со Ориги. Оваа сезона Ориги одигра 17 натпревари во сите натпреварувања, постигнувајќи гол и асистирајќи. Инаку претходно тој веќе има настапи во Бундеслигата, каде беше на позајмица во Волфсбург.
Author: saso
За првпат во историјата на НБА лигата во рамките на една вечер беа остварени дури шест „трипл-дабл“ учиноци. Синоќа во пошироката понуда на НБА мечеви од регуларниот дел од сезоната, Џејмс Харден од Бруклин оствари „трипл-дабл“ со 40 поени, 10 скока и 15 асистенции, додека Домантас Сабонис од Индијана имаше ист ефект, но кај поразените (18 + 11 + 11). Расел Вестбрук од Вашингтон со 26 поени, 14 скока и 10 асистенции имаше „трипл-дабл“ на дуелот со Сакраменто, а Србинот Никола Јокиќ продолжи во свој стил со ист ваков учинок на мечот со Шарлот (12 + 10 + 10). Бен…
Еден од легендарните австриски скијачи, Ханес Рајхелт (40), поранешен светски шампион во супервелеслалом, денеска објави крај на кариерата. Австриецот ја објави својата одлука на финалето на Светското првенство во Ленцерхајд, Швајцарија. Тој се појави на вкупно 305 трки од Светскиот куп, забележа 13 победи, се искачи на подиумите вкупно 44 пати, и го освои Малиот кристален глобус во супервелеслалом пред 13 години. Својот прв медал на големите натпреварувања, Австриецот го освои на Светското првенство во Гармиш Партенкирхен во 2011 година, каде беше сребрен во супервелеслалом, а четири години подоцна освои златен медал во истата дисциплина на Светското првенство во Бивер…
Ракометарите на Вардар вчера загубија од Нексе во новиот меч од СЕХА лигата. За „црвено-црните“ ова беше втор пораз сезонава, а по мечот свој коментар за случувањата во Нашице даде Анте Гаџа. „Бев во Нексе знам како е да се гостува на овој терен, знаев дека нема да биде лесно. Мислам дека првенствено не функциониравме во одбраната, примивме многу лесни голови. Ако сакаме да победуваме не смееме да примаме 36 голови. Од нашите грешки во нападот тие добија многу контри, промашивме и многу зицери на почетокот. Тоа направи нервоза и потоа беше тешко да се стигне предноста. Среќен сум што…
Италијански Интер синиќа објави втор случај на инфекција со коронавирус во првиот тим. По Данило Д’Амброзио, позитивен на Ковид-19 е и главниот голман и капитен на тимот, Самир Хандановиќ. Тој вчера помина на тестирање и доби позитивен тест. 36-годишниот Словенец е во карантин дома и нема да им биде на располагање на миланезите за следните два меча.
Левиот бек на Челзи, Емерсон Палмиери вчера имаше чест да ја запечати победат ана „сините“ на мечот со Атлетико (М), но и да влезе во историјата на Лигата на шампионите. Имено, 26-годишниот Бразилец со гололот за победа на Челзи од 2:0 на дуелот со Шпанците, практично стана автор на 9000-тиот гол во историјата на Лигата на шампионите.
Ракометарите на Вардар го претрпеа и вториот пораз во тековната сезона од СЕХА Лигата, откако денеска загубија на гостувањето во Хрватска против Нексе со 36:32. По поразот кај Мотор Запорожје, „вардарци“ се поразени и на второто гостување, овој пат во Нашице. Овој пораз ги спушти на третата позиција на табелата која носи осминафинале, наместо четвртфинале. Кевиќ и Јагањац постигнаа по осум гола за победникот, додека кај „црвено-црните“ со 9 гола најефикасен беше Дибиров.
Германскиот тенисер Александар Зверев изрази незадоволство од рангирањето на АТП листата. Зверев смета дека системот на „заштитено пласирање“ е неправеден и праша како Роџер Федерер може да биде пред него на АТП-листата ако не играл меѓ една година, за разлика од Германецот кој е постојано на врвот. Германецот моментално е седми во светот со 5.635 поени, веднаш зад Федерер кој има 6.375. Медведев е официјално втор на АТП-листата, а Ѓоковиќ ја почна 312-тата недела на врвот. „Јас сум најголемиот обожавател на Роџер Федерер, но тој не играше тенис една година и повторно е рангиран подобро од мене. Играв во финале…
Играчот за врска на ПСЖ, Леандро Паредес изјави дека управата на францускиот клуб му забранила да зборува за можен трансфер на напаѓачот на Барселона, Лионел Меси. Претходно, Паредес истакна дека би сакал да го види напаѓачот во парискиот тим. „Управата на ПСЖ ме замоли да не зборувам повеќе за Меси. На некои луѓе не им се допаѓаше мојот став по ова прашање, тие сметаа дека е непочитување. Не мислам така. Самиот Меси на крајот на сезоната мора мирно да одлучи што ќе стори со својата иднина“, изјавил Паредес.
Германскиот шампион Баерн Минхен има желба да го купи играчот за врска на Атлетико Мадрид, Саул Нигес, пренесува „АС“. Дваесет и шестгодишниот фудбалер долго време се поврзуваше со трансфер во различни тимови, а досега најчесто се споменуваа имињата на Барселона и Реал Мадрид. Сепак, според последните информации, Баварците во моментов се на чекор од негов потпис, бидејќи веќе контактирале со претставници на играчот за да започнат првични разговори за можен трансфер. Оваа сезона Саул се почесто е на клупата за сметка на Маркос Љоренте и Коке. Саул има договор со „јорганџиите“ до 2026 година.
