Италијански Интер синиќа објави втор случај на инфекција со коронавирус во првиот тим. По Данило Д’Амброзио, позитивен на Ковид-19 е и главниот голман и капитен на тимот, Самир Хандановиќ. Тој вчера помина на тестирање и доби позитивен тест.
36-годишниот Словенец е во карантин дома и нема да им биде на располагање на миланезите за следните два меча.

