Ракометарите на Вардар вчера загубија од Нексе во новиот меч од СЕХА лигата. За „црвено-црните“ ова беше втор пораз сезонава, а по мечот свој коментар за случувањата во Нашице даде Анте Гаџа.
„Бев во Нексе знам како е да се гостува на овој терен, знаев дека нема да биде лесно. Мислам дека првенствено не функциониравме во одбраната, примивме многу лесни голови. Ако сакаме да победуваме не смееме да примаме 36 голови. Од нашите грешки во нападот тие добија многу контри, промашивме и многу зицери на почетокот. Тоа направи нервоза и потоа беше тешко да се стигне предноста. Среќен сум што дојдов повторно во Нашице и мислам дека недостасува публиката. Кога ќе се врати ќе биде многу пдообро за сите“, вели Гаџа.

