За првпат во историјата на НБА лигата во рамките на една вечер беа остварени дури шест „трипл-дабл“ учиноци. Синоќа во пошироката понуда на НБА мечеви од регуларниот дел од сезоната, Џејмс Харден од Бруклин оствари „трипл-дабл“ со 40 поени, 10 скока и 15 асистенции, додека Домантас Сабонис од Индијана имаше ист ефект, но кај поразените (18 + 11 + 11).
Расел Вестбрук од Вашингтон со 26 поени, 14 скока и 10 асистенции имаше „трипл-дабл“ на дуелот со Сакраменто, а Србинот Никола Јокиќ продолжи во свој стил со ист ваков учинок на мечот со Шарлот (12 + 10 + 10).
Бен Симонс имаше „трипл-дабл“ за Филаделфија на дербито со Милвоки (13 + 10 + 12), а ист ефект имаше и Дрејмонд Грин (16 + 12 + 10).
Во последната сезона беа остварени 100 „трипл-дабл“ ефекти, а една сезона претходно имаше 127.