Тренерот на Рома, Пауло Фонсека, по вчерашниот пораз од Наполи на домашен терен со 2:0 беше исклучително лут на своите фудбалери. „Веројатно немаме менталитет да се бориме за место меѓу најдобрите четири. Во првото полувреме видов тим без храброст, ментално ранлив, но по паузата, сè беше спротивно. Генерално, ова не е играта што сакам да ја прикажеме. Не успеавме во првото полувреме затоа што ни недостасуваше храброст. Сите сме одговорни за ова, затоа што кога се плашите да играте и да изгубите, станува премногу тешко. Фактот дека второто полувреме беше сосема поинакво зборува за проблемите во психологијата“, рече Фонсека. По…
Author: saso
Напаѓачот на Атлетико Мадрид, Луис Суарез, вчера го постигна јубилејниот 500-ти гол во кариерата. 34-годишниот напаѓач го реши мечот со Алавес и му донесе нова победа на својот тим. Тој во кариерата имаше 198 голови за Барселона, 111 за Ајакс, 82 за Ливерпул, 63 за Уругвај, 19 за Атлетико, 15 за Гронинген, 12 за Национал… Минатото лето Суарез се пресели во Атлетико од Барселона. Оваа сезона се појави на 18 натпревари во шпанскиот шампионат, постигна 19 голови (2 од пенал) и имаше 2 асистенции.
Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Игор Ангеловски, денеска ги повика Агим Ибраими и Стефан Ашковски во составот на нашата репрезентација, за престојните квалификациските натпревари за СП 2022 против Романија (25.03), Лихтенштајн (28.03) и Германија (31.03). Ибраими го носи дресот на албански Кукс и е најдобар стрелец во тамошната лига, додека левиот офанзивен бек Ашковски, кој досега има три настапи за националниот тим настапува за романски Ботошани. Овие двајца ќе ги пополнат местата на Ѓоко Зајков и Тихомир Костадинов кои се позитивни на КОВИД-19, а отпадна Иван Тричковски кој е повреден.
Седмиот тенисер во светот, Германецот Александар Зверев ја освои титулата на АТП турнирот во Акапулко. Во финалето тој го победи Гркот Стефанос Циципас со 6:4, 7:6 (3) . За 23-годишниот Германец, кој загуби во финалето на овој турнир од Ник Кирјиос во 2019 година, ова е 14-та титула во неговата кариера, и прва оваа сезона. Циципас, кој оваа година се пласираше во полуфиналето на Австралија опен и на турнирот во Ротердам, призна дека подобриот тенисер на крајот победи.
Менаџерот на Њукасл, Стив Брус изјави дека нема да го напушти клубот по поразот од Брајтон од 3-0 синоќа и е убеден дека може да му помогне на тимот да ги подобри своите перформанси. „Страчките“ се во серија од шест натпревари без победа и го заземаат 17-тото место на табелата. Фановите го повикаа сопственикот Мајк Ешли да го отпушти 60-годишниот Брус по неуспехот во саботата. „Прифаќам дека не сме доволно добри. Го прифаќам ова и ќе видам што ќе сторам, но нема да се откажам. Долго време сум во професијата. Јас не сум еден од оние луѓе кои само си…
Поранешниот менаџер на Ливерпул и Њукасл, Рафаел Бенитез размислува да се врати во Премиер лигата и изјави дека ќе одлучи за својата иднина врз основа на проект што му го презентирата елитните клубови во Англија. Шпанецот го водеше Ливерпул од 2004 до 2010 година, двапати стигна до финалето во Лигата на шампионите и победи во најсилното европско клупско натпреварување во 2005 година. Тој исто така го водеше и Њукасл четири години меѓу 2016 и 2019 година, пред да се пресели во Кина за да го преземе кормилото од Далиен Про, кој го напушти во јануари. „Приоритет е Англија затоа што…
Германскиот селектор Јоаким Лев веќе почнал да учи шпански јазик, затоа што се знае дека по завршувањето на Европското првенство ова лето, ќе го напушти кормилото на германската репрезентација и ќе почне клупска работа. Според германските медиуми, селекторот кој со Германија стана светски шампион во 2014 година, по 15 години реши да почне со клупска работа, а шпекулациите го носат на кормилото на Реал (М), како замена за Зиндин Зидан. Сепак, дел од медиумите се скептични по ова прашање, па се споменуваат и Барселона, Валенсија и Атлетико (М) како негова можна следна дестинација.
Женската ракометна репрезентација на Македонија со победа од 31:21 над Литванија успеа да го потведи пласманот во баражот за Светското првенство кое на крајот на годинава ќе се одржи во Шпанија. Денеска нашите ракометарки одиграа уште еден одличен меч и не им оставија на противниките во ниту еден момент да се понадеваат на изненадување. На полувреме имавме предност од 3 гола (15-12), но во вториот дел комплетно го скршивме отпорот на противникот. Сара Ристовска со осум гола и Стојовска со 5 беа најефикасни во составот на нашата селекција. Утре во меч со Грција треба само да го потврдиме пласманот на…
Битолски Еурофарм Пелистер попладнево во Шабац ги продолжува настапите во СЕХА лигата. Битолчани се гости на Металопластика во обид да забележат нова победа. Во тимот се враќа Дејан Кукуловски, кој се повреди против ГОГ Гудме и не играше на последните три натпревари за пелистерци. „Добро се чувствувам, се враќам од повредата. Малку поспоро одеше враќањето, но не е нешто сериозно и ќе бидам спремен за следните натпревари. Немавме многу време да се спремаме за Металопластика, но одиме во Шабац по победа. Нема да биде лесно, Металопластика е одлична екипа, но се спремаме колку што имаме време и тоа е тоа.…
20-кратниот освојувач на Грен Слем турнирите, Шпанецот Рафаел Надал ја прифати понудата од претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез да игра на егзибициски тениски натпревар на отворањето на реновираниот стадион „Сантијаго Бернабеу“. Долгогодишниот навивач на Реал Мадрид треба да игра против Роџер Федерер, но доколку Швајцарецот не се согласи, организаторите ќе се обидат да го поканат Новак Ѓоковиќ. Реновирањето се очекува да заврши следната година. Стадионот со капацитет од 81.000 гледачи може да стане најголемиот објект на кој се одиграл еден тениски меч во историјата.
