Во интервју за „Ал Џазира“, капитенот и селектор на нашата ракометна реперезентација, Кире Лазаров, зборуваше за својот деби настап на кормилото на македонскиот тим и за очекувањата во иднина. „Мислам дека во овој момент ми е многу полесно да бидам селектор и играч, отколку само селектор. Јас сум побезбеден кога сум на паркетот и кога можам да распоредувам играчи и да донесувам одлуки на теренот. Младите играчи треба да ги користат постарите некое време за да продолжат да играат сами. Ова е национален тим, во кој немаме многу работни денови во годината заедно и затоа ќе го искористиме секој момент…
Author: saso
Ламаркус Олдриџ и официјално е нов кошаркар на Бруклин Нетс. Неговиот агент синоќа го потврдил трејдот во завршницата на можоста на клубовите да ангажираат нови кошаркари. Според инсајдерот Шамс Харанија, двете страни ќе потпишат едногодишен договор со минимални услови. Претходно, Олдриџ се согласи да го откупи договорот со Сан Антонио. Се веруваше дека негова следна дестинација ќе биде Мајами, но тој с еодлучил за Нетс верувајќи дека со нив има шанси да ја освои титулата. Олдриџ се очекува да биде број новата „петка“ во Бруклин. На клубот со три суперsвезди претходно му се придружи и Блејк Грифин.
Фудбалската репрезентација на Луксембург синоќа направи големо изненадување победувајќи ја Р. Ирска на гостински терен со 1:0 во рамките на квалификациите за СП 2022. Со оваа победа, Луксембург ја прекина серијата од 28 натпревари на гостински терен без победа во квалификациите за светско или европско првенство. Досега на последните 28 гостински средби, Луксембург имаше 22 порази и само 6 нерешени средби. Последната победа ја остварија во септември 2008 година над Швајцарија (2:1). Интересно е тоа што досега во својата фудбалска историја, Луксембург има само 3 победи на 124 гостувања во квалификациите за ЕП или СП.
Играчот за врска на шпански Бетис, Набил Фекир, идната сеозн аби можел да заигра во Премиер лигата. Според информација на шпанскиот весник „Мундо Депортиво“, 27-годишниот играч е интересен за Арсенал. Претставниците на „топчиите“ веќе контактираале со агентот на Французинот, а се распрашувале и за неговата цена кај екипата на Бетис. Оваа сезона на 25 натпревари во Ла Лига, Фекир постигна 3 гола и реализираше 5 асистенции. За него заинтересиран беше и Ливерпул.
Играчот за врска на Баерн (М) и на германската фудбалска репрезентација Џошуа Кимих зборуваше за можниот бојкот на Светското првенство во Катар поради состојбата со кршењето на човековите права во земјата. „Мислам дека доцниме 10 години со евентуален бојкот на Светското првенство. Организацијата таму не беше доделена пред една година, туку пред неколку години. Тогаш требаше да се размислува за бојкот. Сега треба да ја искористиме можноста и да го искористиме нашиот публицитет за да ги подобриме овие работи. Но, мора да работиме заедно, не само играчите. Ние сме должни да зборуваме за такви работи. Оваа тема, се обидовме да…
Ракометарите на Вардар покажа дека и натаму се супериорни на домашната ракометна сцена. Во дербито на Суперлигата, „црвено-црните“ однесоа убедлива победа над предизвикувачот Еурофарм Пелистер совладувајќи го во Скопје со 35:27. Во составот на Вардар со по 7 гола најефикасни беа Гаџа и Дисингер, додека Чупиќ постигна пет гола. Кај гостите од Битола, Стипе Мандалиниќ имаше осум гола, а Граџан шест. За Вардар ова беше трета победа во исто толку меча во плеј-офот. Еурофарм Пелистер го доживеа првиот пораз.
Баер Леверкузен утрово објави дека ја завршува соработката со петер Бош, кој досега беше на функција главен тренер на Баер. Холанѓанецот беше отпуштен поради последните катастрофални резултати. Тимот беше елиминиран од Лигата на Европа, загуби во Купот на Германија од клуб од 4-тата лига, а во Бундеслигата на последните девет натпревари освои само две победи и претрпе дури пет порази. До крајот на сезоната клубот од Леверкузен ќе го предводи Ханес Волф, кој беше тренер на германската младинска репрезентација до 18 години.
Шампионот на УС Опен од 2009 година, Хуан Мартин дел Потро, потврди дека ќе биде подложен на четврта операција на коленото. „Здраво на сите, јас сум во Чикаго. Се консултирав со д-р Хорхе Кала и би сакал да ве известам дека утре ќе направам уште една операција на коленото. Се обидовме со конзервативен третман, но болката не исчезна. Лекарот знае дека сакам повторно да играм тенис и да се натпреварувам на ЛОИ, па затоа се согласивме дека операцијата треба да се направи што е можно побрзо. Се разбира, последните недели беа многу тешки. Се надевам дека ќе ја надминам оваа…
Италијанска Рома ќе има нов тренер, доколку Пауло Фонсека не успее да го однесе тимот во Лигата на шампионите следната сезона. Според италијанските весници, во Рим веќе имаат листа од три имиња кои се најсериозни кандидати да го заменат португалскиот тренер. „Газета дело Спорт“ пишува дека Маурицио Сари и Масимилијано Алегри се водечките кандидати за преземање на клубот доколку Фонсека замине, а како трето име од позадина се споменува и Јулијан Нагелсман од РБ Лајпциг.
Ракометарите на Еурофарм Пелистер вечерва во Битола во рамките наосминафиналето од Европската лига го пречекуваат тимот на Магдебург. Дуелот ќе биде само еден од двомечот на овие два тима на патот до четврфиналето. Во пресрет на првата средба, тренерот на битолчани Жељко Бабиќ изјави дека против Еурофарм Пелистер никој не може да се смета за фаворит. „Среќни сме што во Битола ни доаѓа моќна германска екипа која во моментов е второпласирана во домашното првенство. Ги познаваме нивниот квалитет и слабости, и затоа со оптимизам ја дочекуваме вечерашната прва средба“, истакна Бабиќ. Мечот започнува во 20.45 часот.
