Играчот за врска на Баерн (М) и на германската фудбалска репрезентација Џошуа Кимих зборуваше за можниот бојкот на Светското првенство во Катар поради состојбата со кршењето на човековите права во земјата.
„Мислам дека доцниме 10 години со евентуален бојкот на Светското првенство. Организацијата таму не беше доделена пред една година, туку пред неколку години. Тогаш требаше да се размислува за бојкот. Сега треба да ја искористиме можноста и да го искористиме нашиот публицитет за да ги подобриме овие работи. Но, мора да работиме заедно, не само играчите. Ние сме должни да зборуваме за такви работи. Оваа тема, се обидовме да ја покриеме со спонтана промоција на маица. Во фудбалот, постои можност да се посочат работите и ние мора да продолжиме да го правиме тоа“, вели Кимих.