Ракометарите на Вардар покажа дека и натаму се супериорни на домашната ракометна сцена. Во дербито на Суперлигата, „црвено-црните“ однесоа убедлива победа над предизвикувачот Еурофарм Пелистер совладувајќи го во Скопје со 35:27.
Во составот на Вардар со по 7 гола најефикасни беа Гаџа и Дисингер, додека Чупиќ постигна пет гола. Кај гостите од Битола, Стипе Мандалиниќ имаше осум гола, а Граџан шест.
За Вардар ова беше трета победа во исто толку меча во плеј-офот. Еурофарм Пелистер го доживеа првиот пораз.