Ракометарите на Еурофарм Пелистер вечерва во Битола во рамките наосминафиналето од Европската лига го пречекуваат тимот на Магдебург. Дуелот ќе биде само еден од двомечот на овие два тима на патот до четврфиналето.
Во пресрет на првата средба, тренерот на битолчани Жељко Бабиќ изјави дека против Еурофарм Пелистер никој не може да се смета за фаворит.
„Среќни сме што во Битола ни доаѓа моќна германска екипа која во моментов е второпласирана во домашното првенство. Ги познаваме нивниот квалитет и слабости, и затоа со оптимизам ја дочекуваме вечерашната прва средба“, истакна Бабиќ. Мечот започнува во 20.45 часот.