Италијанска Рома ќе има нов тренер, доколку Пауло Фонсека не успее да го однесе тимот во Лигата на шампионите следната сезона. Според италијанските весници, во Рим веќе имаат листа од три имиња кои се најсериозни кандидати да го заменат португалскиот тренер.
„Газета дело Спорт“ пишува дека Маурицио Сари и Масимилијано Алегри се водечките кандидати за преземање на клубот доколку Фонсека замине, а како трето име од позадина се споменува и Јулијан Нагелсман од РБ Лајпциг.