Фудбалската репрезентација на Луксембург синоќа направи големо изненадување победувајќи ја Р. Ирска на гостински терен со 1:0 во рамките на квалификациите за СП 2022.
Со оваа победа, Луксембург ја прекина серијата од 28 натпревари на гостински терен без победа во квалификациите за светско или европско првенство. Досега на последните 28 гостински средби, Луксембург имаше 22 порази и само 6 нерешени средби.
Последната победа ја остварија во септември 2008 година над Швајцарија (2:1).
Интересно е тоа што досега во својата фудбалска историја, Луксембург има само 3 победи на 124 гостувања во квалификациите за ЕП или СП.

