Шампионот на УС Опен од 2009 година, Хуан Мартин дел Потро, потврди дека ќе биде подложен на четврта операција на коленото.
„Здраво на сите, јас сум во Чикаго. Се консултирав со д-р Хорхе Кала и би сакал да ве известам дека утре ќе направам уште една операција на коленото. Се обидовме со конзервативен третман, но болката не исчезна. Лекарот знае дека сакам повторно да играм тенис и да се натпреварувам на ЛОИ, па затоа се согласивме дека операцијата треба да се направи што е можно побрзо. Се разбира, последните недели беа многу тешки. Се надевам дека ќе ја надминам оваа болна ситуација“, напиша Дел Потро на Инстаграм.
Од 2018 година до сега, Дел Потро беше подложен на три операции и третман со матични клетки, но немаше големо подобрување на неговата состојба.