Јувентус веднаш започна со подготовки за новиот меч со Наполи по ремито 2-2 со Торино. Интересно, во групата која се појави на тренинг беа и Пауло Дибала, Вестон Мекени и Артур Мело. Тројцата играчи беа казнети и изоставени од торинското дерби поради кршење на КОВИД-19 протоколите минатата недела. Андреа Пирло реши да ги пречека тројцата играчи во групата по локалното дерби, бидејќи „бјанконерите“ се подготвуваат за средбата во среда против Наполи. Наполи доаѓа на „Алијанц“ арена за да го одиграат одложениот натпревар од октомври минатата година, а дуелот ќе биде важен за двете страни во борбата за пласман во Лигата…
Author: saso
Дефанзивецот и капитен на Реал Мадрид, Серхио Рамос пред медиумите зборуваше за евентуалното заминување во пензија. „Размислувам за мојата петта титула во Лигата на шампионите, Светското првенство, Олимписките игри … Ќе завршам кога ќе дојде време. Планот е да станам дел од историјата на најдобриот клуб во светот, Реал Мадрид. Денес ми се чини дека нема да ја завршам кариерата наскоро. Ова е толку лична одлука што мислам дека моето тело ќе почувствува кога ќе дојде моментот. Додека тоа не се случи, јас сум тука“, вели Рамос.
Напаѓачот на Милан, Златан Ибрахимовиќ ќе потпише нов договор со клубот. Двете страни се согласиле да го продолжат договорот за една година, пренесуваат извори блиску до клубот. „Росонерите“ веќе неколку недели преговараат со Швеѓанецот и конечно успеале да постигнат договор. За детали за договорот се уште се преговара. Наскоро се очекува и официјално да биде објавено потпишувањето на нов договор со 39-годишниот фудбалер.
Џудо федерацијата на Македонија обезбеди и втора финансиска помош за клубовите, со цел да им помогне да го надминат овој кризен период во кој коронавирусот има огромно влијание врз овој спорт. Дополнително, Џудо федерацијата одлучи да ги ослободи клубовите од плаќање на годишната котизација, како уште една мерка за поддршка на македонските џудо клубови. Ова беа двете најзначајни одлуки кои беа донесени на редовната седница на Извршниот одбор која во саботата, 3 април, под посебни протоколи за заштита од ширење на пандемијата се оддржа во големата сала на општина Прилеп. Покрај овие две точки, на седницата на извршниот одбор се…
Играчот од средниот ред на Клуб Бриж, Шарл Де Кетелар најверојатно ќе биде новото летно засилување за италијанска Аталанта. Составот од Бергамо е заинтересиран за услугите на 20-годишниот Белгиец и веќе почнал преговори со неговиот агент. Аталанта во Де Кетелар гледа како на потенцијална замена за Јосип Иличиќ, кој е близу до заминување од клубот ова лето. Според информациите, Аталанта подготвува сума од околу 16 милиони евра, на колку што во моментов е проценет младиот Белгиец. Инаку Де Кетелар потекнува од фудбалската академија на Бриж, а во тековнава сезона одигра 38 натпревари и постигна 4 гола за својот актуелен клуб.
Офанзивниот играч за врска на Борусија Дортмунд, Џејдон Санчо се уште се опоравува од повредата здобиена на почетокот на март и не е подготвен да се врати во тимот за овонеделните средби во Лигата на шампионите. 21-годишниот Англичанец, најверојатно ќе биде надвор од составот на „милионерите“ за првиот натпревар од четвртфиналето во Лигата на шампиони против Манчестер Сити закажано за утре. Санчо не тренираше во неделата, а денеска се очекува да замине на нови лекарски тестови. Германските медиуми велат дека Борусија (Д) нема да го форсира неговото враќање на оваа средба, туку ќе се обиде да го има максимално подготвен…
Тренерот на Атлетико (М), Диего Симеоне на прес-конференцијата по мечот со Севилја, кој неговиот тим го загуби со 1:0, рече дека ЛА Лига е едно исклучително тешко првенство. „Тешко е да се натпреварувате во шпанскиот шампионат, но ќе се бориме до крај. Треба да продолжимте да работиме и да го зголемуваме интензитетот. Секако, вознемирен сум, но го знам начинот и не се плашам од ништо. Не мислам дека овој пораз е резултат на притисок. Не може да се негира дека тимот не е во најдобра форма во моментов. Мора да најдеме начин да ги вратиме играчите во оние услови што…
Тотенхем иако водеше со 2-1 на гостувањето кај Њукасл, на крајот се задоволуваше само со бод. Ова е уште еден меч во низа на кој Тотенхем губи бодови во завршницата на натпреварите. „Премиер лигата е многу тежок шампионат. Се игра нон стоп со голема брзина и не секој може да се справи со предизвикот. На мечот со Њукасл направивме грешки во одбраната, што не дестабилизираа. Во првото полувреме ја контролиравме играта, но дури и кога ја загубивме иницијативата во второто, сепак немавме проблеми. Можевме да постигнеме уште два гола. На крајот, сепак, се дестабилизиравме во одбраната и тоа го направи…
МЗТ Скопје нема може да дигне глава од проблеми. По повредите, тимот од Аеродром се соочува со позитивни случаи на Ковид-19. По тренерот, Дарко Радуловиќ, на листата на заразени е Дамјан Стојановски. Челниците на клубот со дозвола на Пелистер побараа одложување на дерби натпреварот, кој беше закажан за утре. Поради ново настаната состојба во екипата на КК МЗТ Скопје Аеродром со двајца потврдени случаи позитивни од КОВИД 19, тренерот Радуловиќ Д. и играчот Стојановски Д. и опасност од ширење на заразата на другите актери на натпреварот, натпреварот КК МЗТ Скопје Аеродром – КК Пелистер кој треба да се одигра на…
Напаѓачот на Наполи, Аркадиуш Милик, кој е на позајмица во Олимпик Марсеј, може да продолжи кариера во шпанскиот шампионат. Според француиски „Л“Екип“, Атлетико (М) е заинтересиран за услугите на фудбалерот. Се споменува дека клубот од Мадрид е подготвен да го купи Милик за 12 милиони евра во летниот преоден рок. Претходно беше објавено дека 27-годишниот полски напаѓач е интересен за торински Јувентус. Актуелниот договор на Милик со Наполи трае до 2022 година.
