Author: saso

Лидерот на табелата во шпанската Ла Лига, екипата на Атлетико Мадрид започна преговори за потпишување договор со младиот уругвајски напаѓач Матијас Арезо. Според информациите, 18-годишниот напаѓач на Ривер Плата од Монтевидео се смета за еден од најдобрите млади таленти во земјата и е наречен „новиот Суарез“. Актуелната цена на фудбалерот е проценета на само 1,5 милиони евра што веројатно нема да биде проблем за трансфер во Шпанија. Оваа сезона Арезо одигра 14 натпревари на кои постигна четири гола и имаше и четири асистенции.

Read More

Келн на својата официјална веб-страница денеска објави дека главниот тренер Маркус Гиздол е разрешен од фунцкијата по поразот од Мајнц вчера. „Тимот, мојот штаб и јас дадовме сто проценти до самиот крај за да постигнеме добри резултати. За жал, не успеавме да го направиме тоа во последно време. Ова го велам затоа што не остваривме победи, и покрај добрите настапи. Тимот секогаш даваше се од себе и се обидуваше да ги надмине тешкотиите што не следеа од почетокот на сезоната. На момците им посакувам се најдобро и се надевам дека Келн ќе остане во Бундеслигата“, изјави Гиздол на змаинување. Тој…

Read More

Ливерпул е подготвен да достави прва понуда за играчот за врска на Барселона, младиот Педри, тврди венсикот „Мирор“. Според информациите, „црвените“ веќе започнале разговори со претставници на младиот фудбалер и јасно ја изразиле својата желба да го донесат на „Енфилд“. 18-годишниот Педри има договор со Барселона на уште две години, но има откупна клаузула вредна 80 милиони евра. Барса е свесна за интересот за овој фудбалер и побрза да му понуди нов договор во кој откупната клаузула драстично ќе се зголеми на 400 милиони евра. Педри беше донесен во Барса од Лас Палмас во 2019 година за 10 милиони евра,…

Read More

Манчестер Јунајтед размислува да си го врати голманот Сем Џонстон од Вест Бромвич Албион. 28-годишниот чувар на мрежата на ВБА има фантастична сезона и со своите добри игри дури заработи повик од селекторот Герет Саутгејт за националниот тим на Англија. Солскјер и неговите соработници почнале да ја разгледуваат ситуацијата со него, со оглед на тоа што еден од актуелните голмани, Давид Де Хеа и Дин Хендерсон ќе биде продаден на лето. 28-годишниот Џонстон е јуниор на Манчестер Јунајтед, но никогаш не успеа да се пробие во првиот тим на „црвените ѓаволи“.

Read More

Клаудио Раниери на крајот на сезоната најверојатно ќе ја напушти Сампдорија и повеќе нема да ги предводи џеновјаните. 69-годишниот стратег одлучил да не го продолжува договорот со клубот, пренесуваат медиуми блиски до клубот. Според информациите, претседателот на Сампдорија, Масимо Фереро, веќе се сретнал со главниот тренер на Црвена Звезда, Дејан Станковиќ и не е исклучено 42-годишниот српски специјалист да го преземе италијанскиот тим од новата сезона. Станковиќ е поранешен играч на Лацио и Интер .

Read More

Хрватскиот првак Динамо Загреб денеска на социјалните мрежи го објави планот за изградба на новиот стадион во Загреб. Во соработка со градот Загреб, клубот објави дека новиот „Максимир“ ќе има 34.000 седишта, 3.000 места во ВИП секторот, како и посебно сместување за лица со инвалидитет.

Read More

Sвездата на Тотенхем, Хари Кејн е подготвен да го напушти клубот доколку Спарс не успеат да се пласираат во Лигата на шампионите. Според „Атлетик“, англискиот репрезентативец го известил раководството дека сака да игра на највисоко ниво и дека ќе мора да го напушти клубот, ако лондончани не ја остварат целта. Капитенот на Англија е разочаран од тоа што Тотенхем не е стандарден член во Лигата на шампионите и не сака да ги пропушти натпреварите од трката втора последователна сезона.

Read More

Поранешниот играч за врска на Барселона, Андрес Иниеста, кој сега игра за јапонски Висел Кобе, ги сподели своите очекувања за вечерашното Ел Класико. „Верувам дека тројца играчи ќе играат клучна улога на натпреварот против Реал Мадрид. Првиот е Серхио Бускетс, кој за мене е главниот играч на средината на теренот. Вториот е Жорди Алба, кој дефинитивно ќе влијае на текот на играта и таа улога ја игра многу години. Третиот, е секако Лео Меси. Тој е играчот кој ги одлучува исходите на натпреварите. Сигурен сум дека тој ќе го стори истото и на претстојното дерби“, рече Иниеста.

Read More

Футсал репрезентацијата на Македонија загуби од селекцијата на БиХ во денешниот квалификациски меч за ЕП во Скопје со 3:2. Вечерва во “Јане Сандански“, во меч од 5. коло, нашите репрезентативци одиграа одличен меч, имаа реми до пред самиот крај на мечот, но сепак гостите кои со максимален ефект по првите 4 средби допатуваа во Македонија, ја потврдија доминацијата во последните моменти од мечот. Босанците по овој меч остануваат убедливо први во групата со максимални 15 бода, а Македонија има само два бода по две реми пресметки.

Read More

Ракометарите на Вардар со убедлив пораз 39-30 ја завршија сезоната во Лигата на шампионите. По дебаклот во Скопје на првиот меч, „црвено-црните“ не беа ништо подобри и на гостувањето во Унгарија, каде домашните од почеток до крај имаа комплетна контрола на мечот и на конечниот резултат. Израмнето беше само во првите осум минути, но брзо по 6:6 стана јасно дека денеска Вардар нема шанси за никакво изненадување. Во составот на домашните Нилсон и Шишкарев со по 6 гола беа најефикасни, кај Вардар со по 5 гола најдобри беа Стоилов и Дибиров.

Read More