Манчестер Јунајтед размислува да си го врати голманот Сем Џонстон од Вест Бромвич Албион. 28-годишниот чувар на мрежата на ВБА има фантастична сезона и со своите добри игри дури заработи повик од селекторот Герет Саутгејт за националниот тим на Англија.
Солскјер и неговите соработници почнале да ја разгледуваат ситуацијата со него, со оглед на тоа што еден од актуелните голмани, Давид Де Хеа и Дин Хендерсон ќе биде продаден на лето.
28-годишниот Џонстон е јуниор на Манчестер Јунајтед, но никогаш не успеа да се пробие во првиот тим на „црвените ѓаволи“.

