Author: saso

Италијанскиот портал Калчомеркато пишува дека Барса му понудила на Пјаниќ три клуба како опција за да ја продолжи кариерата. Босанецот очигледно нема да остане во Каталонија и следната сезона, но од Барселона се уште не сакаат да ги откријат имињата на клубовите. Пјаниќ од пристигнувањето во Барса има само 28 настапи. Последен пат играше против ПСЖ во Лигата на шампионите. Според некои пишувања, Пјаниќ најверојатно ќе се врати во Италија, но со оглед на тоа што продажбата на Пјаниќ е проблем, голема е веројатноста тој да биде испратен на позајмица.

Read More

Српскиот стручњак Драган Бајиќ од вчера е нов селектор на македонската кошаркарска репрезентација. По преставувањето, за Кошаркарската федерација се осврна на своите планови во иднина. За Македонија во прв план ќе бидат квалификациите за Светското првенство. „Рано е сега да се зборува за тоа, јас никогаш не гледам два чекора напред. Не ги знаеме противниците ни во претквалификациите, дури потоа можеме да зборуваме и да правиме планови на таа тема. Главна цел во моментов треба да ни биде да ги поминеме претквалификациите по што ќе се насочиме на главните квалификации за Светскиот Куп“, вели Бајиќ. Што се однесува околу натурализираните…

Read More

Точно напладне, Кошаркарите на МЗТ Скопје А. почнуваат со финалната рунда од настапите во АБА 2 лигата. Плеј-оф фазата од регионалното натпреварување за нашиот преставник почнува со четврфиналната пресметка против екипата на Младост Земун, тим кој регуларниот дел од сезоната го заврши на 4. место. Четвртфиналето и полуфиналето од АБА 2 се играат оваа недела во Подгорица, а финалната серија е од 4 до 6 мај во истиот град. Вториот меч меѓу МЗТ Скопје А. и Младост ќе се одигра во четврток, по што ќе се знае и натамошниот настап на „штрковите“ во битката за влез во АБА лигата следната…

Read More

Баерн Минхен, кој испадна од овогодинешната Лига на шампиони, може да добие уште една шанса да го одбрани трофејот освоен минатата сезона. Според информација на весникот Билд, УЕФА сериозно размислува да ги врати Баварците во тековното издание на турнирот, иако беа елиминирани во четвртфиналето од ПСЖ. Според германскиот весник, во петок ќе има состанок на Извршниот комитет на УЕФА, на кој ќе се одлучи дали Манчестер Сити, Челзи и Реал Мадрид ќе бидат отстранети од натпреварувањето. Сите три клуба се меѓу основачите на Суперлигата, на што УЕФА силно се спротивставожи. Претседателот на Данскиот фудбалски сојуз и член на Извршниот комитет…

Read More

Претседателот на Реал (М), Флорентино Перез, кој е назначен за нов шеф на новоформираната Европска Супер лига излезе со изјава во врска со контроверзното натпреварување кое предизвика вистински тектонски поместувања во светскиот фудбал. Тој вели дека Суперлигата не е напад врз фудбалот, туку негово неопходно спасување. „Сите велат овие се богати и прават што сакаат – не. Јас не сум сопственик на Реал Мадрид, Реал Мадрид е клуб на членови. Сè што правам е за доброто на фудбалот. Сега го правиме ова за да го спасиме фудбалот, кој е во критична ситуација“, рекол првиот човек на мадридскиот гигант. Според Перез,…

Read More

Откако вчера Жозе Мурињо и официјално беше сменет од тренерското место во Тотенхем, лондонскиот клуб како главен кандидат за функцијата во моментов го има името на 33-годишниот Германец, Јулијан Нагелсман. Стретегот на Лајпциг е отворен за можна соработка со Спарс, но камен на сопнување може да биде отштетата која Тотенхем би ја платила за него, а истата е во висина од 12 милиони евра, колку што бараат челниците на Бундеслигашот.

Read More

Германскиот шампион Баерн Минхен планира да му го продолжи договорот нанапаѓачот Ерик Максим Чупо-Мотинг. 32-годишниот Камерунец излезе како добра резерва за Левандовски особено на последните неколку средби за баварците. Баерн сака да има искусен играч за резерва на Полјакот и следната сезона, па затоа планира да го продолжи неговиот договор. Ситуацијата со неговиот договор, кој истекува ова лето, се очекува да се реши пред крајот на сезоната.

Read More

Данските медиуми објавија дека Арон Палмарсон, еден од најдобрите ракометари во светот, ја напушта Барселона и ќе се пресели во екипата на Алборг. Палмарсон се согласил на соработка со данскиот тим во следните три сезони, а работата ќе биде официјално потврдена на лето. Исланѓанецот со години е еден од најдобрите ракометари на светот, а претходно играше за Кил и Веспрем. Тој е уште една голема ѕвезда на светскиот ракомет која се сели во данскиот тим, откако претходно за следната сезона беше обезбеден потписот и на најдобриот ракометар на денешницата, Микел Хансен. Алборг за следната сезона ги обезбеди и потписите на Мартин…

Read More

Фудбалерот на Ливерпул, Џини Вајналдум, сепак сака да и се приклучи на Барселона на лето, бидејќи сака да заигра со Лионел Меси и неговиот соиграч во холандската репрезентација Мемфис Депај. Во последните денови се појавија информации дека 30-годишниот играч за врска е подготвен да потпише нов договор со Ливерпул, но се чини дека од тоа нема да има ништо. Тој на пријателите во Холандија им рекол дека својата иднина ја гледа на „Камп Ноу“. Весникот „Мирор“ пишува дека Вајналдум има голема желба да игра во тим со Меси, за кого сè повеќе се тврди дека останува во дресот на Барса…

Read More

„Секогаш е убаво да се подигне трофејот“, изјави Лионел Меси по освојувањето на Купот на кралот на Шпанија синоќа. Во финалето одиграно на стадионот „Ла Картуха“ во Севилја, Барселона го совлада Атлетик Билбао со 4-0. „Штета што не можеме да го прославиме овој трофеј со навивачите, но тоа е цената на времето во кое живееме“, додаде аргентинската sвезда, потенцирајќи дека е задоволен од натпреварот. „Знаевме дека Атлетик ќе биде густо поставен во формација 4-4-2, и тие тоа го сторија. Бевме добри во двете полувремиња“. Фудбалерите на Барселона стигнаа до рекордна, 31-ва титула во Копа дел Реј, а Роналд Куман го…

Read More