Author: saso

УЕФА денеска и официјално му го одзеде на шпанскиот град Билбао домаќинството на натпревари од престојното Европско првенство. Европската куќа на фудбалот го исклучи Билбао поради неисполнување на строгите санитарни услови кои беа поставени за сите организатори. Но, баскијската влада информирала дека е невозможно да се исполнат. Условите на кои падна Билбао е 60% вакцинирани граѓани на Баскија до 14. јуни, и болните од Ковид-19 да не заземаат повеќе од 2% од капацитетите на болниците во Баскија, што е навистина тешко изводливо. Од организацискиот одбор на првенството од Баскија истакнаа дека оваа одлука на УЕФА, која ја донела самоволно, е…

Read More

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, се појави во јавноста откако проетот Супер лига доживеа целосно фијаско. “Ноќта беше многу долга. Бевме онлајн до еден наутро. Работевме на овој проект со години и можеби не објаснивме сè како што треба, но тие дури и не ни дадоа шанса да објасниме. Јас сум тажен и разочаран. Вложивме три години во проектот Суперлига да се бориме против тешката економска состојба низ која поминуваме“, рече Перез во ноќното интервју. Иако проектот за Суперлигата засега пропадна, Перез нема намера да се откаже. „Ако овој проект не успееше, другите сигурно ќе успеат. Сите 12 клуба…

Read More

Еден од директорите на Милан, клупската легенда Паоло Малдини им се извини на навивачите на тимот за проектот – Супер лига. Според поранешниот фудбалер на клубот, тој и самиот не знаел за намерата на сопствениците. „Не учествував во преговорите за создавање на Супер лига. За сето ова дознав во неделата навечер, кога сите клубови ја дистрибуираа заедничката декларација. Тоа беше одлука на високо ниво и јас бев прилично збунет“, рече Малдини. „Но, тоа не значи дека не сум одговорен, затоа им се извинувам на навивачите. Им се извинувам не само на оние од Милано, туку и на сите оние кои…

Read More

Горан Пандев синоќа стигна до неверојатно постигнување во италијанската Серија А. Бројката од 100 гола во италијанската елита беше причина за негова изјава пред тв-камерите веднаш по мечот. „Секако дека сум среќен што дојдов до 100-тиот гол во Серија А. Во Италија сум долго време, искрено не помислував дека ќе дојдам до оваа бројка. И среќен сум што тоа го постигнав во дресот на Џенова. Што да кажам за мојата иднина. Мојата намера е после ЕУРО да ја завршам кариерата. Сепак треба да разговарам со претседателот и спортскиот директор на Џенова“, посочи Пандев.

Read More

Играчот за врска на Реал Мадрид, Федерико Валверде, бил позитивен на тестот за коронавирус, објави денеска клубот. Реал Мадрид додаде дека Федерико Валверде бил изолиран штом излегоа резултатите. Тестот беше направен пред мечот со Хетафе. Во оваа ситуација, 22-годишниот Уругваец го пропушти натпреварот со Кадиз, а ќе го нема и на престојното гостување кај Бетис. Во оваа ситуација, тренерот Зинедин Зидан остана без седум играчи поради повреди, казни или Ковид-19. Капетанот Серхио Рамос исто така има коронавирус. Неговиот колега во средината на одбраната, Рафаел Варан, само што се опорав и треба да излезе од карантин.

Read More

Напаѓачот на Реал Мадрид, Карим Бензема со двата гола синоќа му помогна на Реал да го победи Кадиз во натпреварот од 31-то коло во Ла Лига на гости со 3:0. Благодарение на неговите два гола, Бензема влезе во Топ 4 листата на играчи кои постигнале најмалку 20 гола во последните три сезони во најдобрите 5 лиги во Европа. Само Лео Меси, Кристијано Роналдо и Роберт Левандовски можат да се пофалат со вакво достигнување.

Read More

Раководството на Јувентус ќе му понуди нов договор на 32-годишниот колумбиски фудбалер Хуан Куадрадо. Тековниот договор на играчот со „Старата дама“ е до летото 2022 година, а новиот предлог ќе биде договор за продолжување до 2023 година. Оваа сезона, Куадрадо има 33 натпревари за Јувентус и досега 15 асистенции.

Read More

Горан Пандев синоќа испиша историја и за Македонија и за Серија А. На дуелот од 32. коло во Серија А лигата против екипата на Беневенто, нашиот најдобар фудбалер за само 21. минута успеа двапати да ја затресе мрежата на гостите, а со тоа да стигне и до неверојатната бројка од 100 гола во своите настапи во италијанската Серија А. Пандев од 2003 година со првиот гол против Анкона, па до синоќешните два во дресот на Џенова дојде до фантастична бројка, која досега не ја направил ниту еден макеоднски фудбалер во ТОП 5 лигите во Европа.

Read More

Женска ракометна репрезентација на Македонија со втор убедлив пораз ги заврши бараж мечевите за пласман на СП во Шпанија. И покрај убедливата позитива од првиот дуел, Романија одигра силно и доминантно и на реваншот, во Скопје и на крајот славеше со 35-20. Ние очигледно немавме сили да им се спротивставиме на расположените Романки. Елена Ѓорѓиевска со шест гола беше прв стелец во нашата селекција, додека Ливриниќ запиша четири гола. Најдобрата ракометарка на Романија, Неагу на оваа средба имаше само два погодоци.

Read More

Поранешниот репрезентативец на Италија, Антонио Касано, зборуваше за создавањето на Суперлигата и улогата на италијанските клубови во неа. Тој јасно стави до знаење дека е против вакви лиги на богатите. „Невозможно е да се замисли таков турнир. Врвните клубови треба да разберат дека фудбалот им припаѓа на луѓето. Малите тимови не можат да се остават настрана. Би ја замолил Италијанската фудбалска федерација да ги исфрли Интер, Милан и Јувентус од Серија А. Нека играат во својата лига и ќе видат што ќе се случи. Гравина мора да се спротивстави на ова. 12 клуба не треба да го водат светскиот фудбал“,…

Read More