Поранешниот репрезентативец на Италија, Антонио Касано, зборуваше за создавањето на Суперлигата и улогата на италијанските клубови во неа. Тој јасно стави до знаење дека е против вакви лиги на богатите.
„Невозможно е да се замисли таков турнир. Врвните клубови треба да разберат дека фудбалот им припаѓа на луѓето. Малите тимови не можат да се остават настрана. Би ја замолил Италијанската фудбалска федерација да ги исфрли Интер, Милан и Јувентус од Серија А. Нека играат во својата лига и ќе видат што ќе се случи. Гравина мора да се спротивстави на ова. 12 клуба не треба да го водат светскиот фудбал“, рече Касано.

