Author: saso

Македонската сениорска кошаркарска репрезентација денеска ќе ги дознае ривалите за претквалификациите за Светското првенство во 2023 година. На ждрепката, нашиот национален тим ќе се најде како носител заедно со Црна Гора, Летонија и Шведска. Како можни ривали во претквалификацискиот дел се репрезентациите на Романија, Данска, Австрија и Швајцарија од вториот и Белорусија, Исланд, Португалија и Словачка од третиот шешир. Пласман во следната фаза обезбедуваат првопласираните две селекции од секоја од четирите групи.

Read More

Македонските фудбалски прволигаши, попладнево од 13 часот на програмата ги имаат мечевите од 30. коло. Откако Шкендија изминатиот викенд и официјално ја потврди шампионската титула, денеска ќе има пролично незгодно гостување во Скопје против Работнички, но тетовци останува мирно да му пристапат на мечот откако веќе ја направија шампионската прослава. Особено ќе биде интересна битката на дното, каде има повеќе тимови кои се борат за „гол живот“. Вардар гостува во Велес за да ги одмери силите со Борец, тим кој исто така не смее да загуби на денешениот меч. Ренова гостуваат кај Академија Пандев, два тима кои исто така зависат…

Read More

Американските бизнисмени Стен и Џош Кронке ги отфрлија гласините за продажба на Арсенал и ги уверија навивачите на англискиот клуб дека тие се „100 проценти“ фокусирани на неговата иднина. Ова се случи по тврдењата на шведскиот милијардер Даниел Ек, претседател и ко-основач на стриминг платформата Спотифај, дека е подготвен да го преземе тимот. Раздорот меѓу сопствениците и навивачите на Арсенал значително се прошири во последните десет дена откако семејството Кронке го стави клубот меѓу основачите на Европската Супер лига. „Во последниве денови, во медиумите забележавме шпекулации за можна продажба на акциите на Арсенал. Ова не е точно и ние сме…

Read More

Фудбалерите на реал (М) и Челзи одиграа без победник, 1:1 во првиот натпревар од полуфиналето во Лигата на шампионите на УЕФА. Ова реми значеше дека Зинедин Зидан и овој пат не успеа да го победи Томас Тухел како тренер. Досега Зидан и Тухел имаа пет меѓусебни тренерски пресметки, а Французинот не успеа никогаш да победи на меч против тим предводен од Германецот. Четири нивни пресметки завршија нерешено, а Тухел има една победа со ПСЖ над Реал. Реванш полуфиналниот натпревар во Лигата на шампионите меѓу Челзи и Реал ќе се одигра на 5 мај на стадионот „Стемфорд Бриџ“ во Лондон.

Read More

Организаторите на Вимблдон денеска се појавија со серија информации во врска со организацијата на Грен Слем турнирот оваа година. Вимблдон е планиран да се одржи од 28 јуни до 11 јули. Капацитетот за седење на трибините ќе биде најмалку 25% и ќе зависи од препораките на владата, како и од можното олеснување на ограничувањата по 21 јуни. „Се надеваме дека 25% е минималниот процент што можеме да си го дозволиме. Што повеќе љубители на тенисот треба да присуствуваат на нашите натпревари. Финансиската страна на турнирот е исто така важна“, рече Сали Болтон, извршен директор на турнирот. Вимблдон оваа година доби…

Read More

Искусниот играч за врска на Рома и ерменски репрезентативец, Хенрих Мхитаријан е пред преселба во Јувентус, пренесува РБЦ-Спорт. Според изворот, агентот Мино Раиола, кој ги застапува интересите на Мхитаријан, се сретнал со спортскиот директор на торинскиот клуб. Јувентус покажа интерес за фудбалерот и го објави својот предлог за негов трансер во Торино. Се очекува Мхитаријан да им даде одговор на Торинци многу брзо. Раиола преговара и со раководството на Рома, кое е заинтересирано за продолжување на соработката со Мхитаријан. Во 2019 година, Мхитаријан се пресели од Арсенал во Рома на позајмица, а една година подоцна потпиша целосен договор со италијанскиот…

Read More

Талентираниот тренер на Лајпциг, Jулијан Нагелсман, ги договорил условите со Баерн и ќе го преземе тимот на Баварците на крајот на сезоната, пренесува весникот „Билд“. Како што беше познато претходно, Ханси Флик ќе го напушти Баерн на крајот од сезоната и најверојатно ќе го преземе кормилото на германската репрезентација. Според „Билд“, Баерн најде замена за Флик, во тренерот кој има само 33 години, но веќе докажа дека е еден од најдобрите тренери во Европа. „Билд“ пренесува дека Баерн и Нагелсман се договориле за личните услови во врска со договорот и дека остануваат само мали детали за крајот на преговорите.

Read More

Ракометарите на Вардар 1961 денеска патуваат за Нови Сад, каде утре ќе го одиграат мечот со Војводина во СЕХА лигата. Во тимот поради репрезентативни обврски нема да бидат: Марко Кизиќ, Гоце Георгиевски, Стојанче Стоилов, Филип Талески, Марко Мишевски, Анте Гаџа, Васко Шеваљевиќ, Иван Чупиќ и Патрик Валчак. Поради повреди за Нови Сад не отпатуваа ниту Борко Ристовски и Димитар Димитриоски. Во тимот се приклучени шестмина кадети од тимот предводен од Зоран Петковски. Станува збор за голманот Никола Спасовски (17/181/78), левиот бек Никола Анакиевски (18/92/192), средниот бек Виктор Трифуновски (18/85/88), левото крило Марио Стојановски (17/80/183), пивотот Александар Стојменов (17/85/181) и десното…

Read More

Македонската ракометна репрезентација денеска ги почнува подготовките за последните два квалификациски меча за пласман на ЕП 2022. Избраниците на Кире Лазаров денеска се собираат во Скопје во пресрет на гостувањето кај Финска и последниот меч со Швајцарија дома. Гостински меч кај Финска е во среда од 17 часот, а дома во последниот ден од квалификациите, в недела ја пречекуваме Швајцарија од 18 часот. „Во овие два меча би сакал да им дадам шанса на повеќе играчи, за да го зголемиме составот, да биде поквалитетен и да добиеме уште некој играч, знаејќи дека за големи натпреварувања ќе ни бидат потребни поголем…

Read More

Алан Ширер и Тиери Анри станаа првите две легенди кои ќе се најдат во новата „Куќа на славните“ во Премиер лигата. Подоцна ќе биде објавен скратен список од 23 дополнителни номинирани кои имаат право да се приклучат на Куќата на славните во Премиер лигата, а навивачите ќе можат да гласаат и да помогнат во изборот на другите шестмина кои ќе добијат вакво престижен статус. „Куќата на славните“ е највисоката индивидуална награда што им се доделува на играчи во Премиер лигата во чест на талентот и достигнувањата на истакнати професионалци кои учествувале во Лигата од нејзиното основање во 1992 година. За…

Read More