Американските бизнисмени Стен и Џош Кронке ги отфрлија гласините за продажба на Арсенал и ги уверија навивачите на англискиот клуб дека тие се „100 проценти“ фокусирани на неговата иднина.
Ова се случи по тврдењата на шведскиот милијардер Даниел Ек, претседател и ко-основач на стриминг платформата Спотифај, дека е подготвен да го преземе тимот.
Раздорот меѓу сопствениците и навивачите на Арсенал значително се прошири во последните десет дена откако семејството Кронке го стави клубот меѓу основачите на Европската Супер лига.
„Во последниве денови, во медиумите забележавме шпекулации за можна продажба на акциите на Арсенал. Ова не е точно и ние сме 100 проценти фокусирани на иднината на клубот. Ние немаме намера да си одиме и нашата цел е Арсенал да продолжи да расте и да се бори за трофеи“, се вели во фамилијарното соопштение на Кронке.

