Менаџерот на Манчестер Ј., Оле-Гунар Солскјер е лут на луѓето кои ја подготвија програмата за Манчестер Јунајтед во следниот период. Имено, тимот во рок од пет дена од 9 до 13 мај, мора да одигра три натпревари. „Тоа е нечуено. Тоа го прават луѓе кои никогаш не играле фудбал на тоа ниво. Физички е невозможно за играчите”, рече Солскјер. Тој не го криеше иразочарувањето од поразот од Рома со 3:2 во реванш полуфиналето од Лигата на Европа. „Добро е што се пласираме во финалето. Одигравме многу добро полувреме на Олд Трафорд, што ни помогна. Разочаран сум од поразот, особено од…
Author: saso
Поранешниот шпански репрезентативец Давид Виља сега е дел од раководството на индискиот клуб Одиша. 39-годишниот светски и европски шампион со Шпанија ќе биде одговорен за глобалната фудбалска мрежа на клубот. Минатата сезона Одиша заврши на 11-тото место во Индискиот шампионат и Виља има големи надежи за заживување на клубот. Минатата сезона, Виља ја заврши кариерата како фудбалер на јапонски Висел Кобе.
Македонската ракометна репрезентација в четврток во Виена ќе ги очекува противниците за ЕП 2022. Според ЕХФ ранкингот, Македонија би требало да се најде во третиот шешир заедно со селекциите на Словачка, Белорусија, Исланд, Чешка и Франција. Во првиот шешир би требало да се најдат Шпанија, Хрватска, Норвешка, Словенија, Германија и Португалија, вториот да го сочинуваат: Шведска, Данска, Србија, Русија, Унгарија и Австрија, додека во четвртиот шешир да бидат најслабо рангираните: Ц. Гора, Холандија, Полска, БиХ, Украина и Литванија.
Фудбалерите на Славија Прага ја освои третата последователна титула во Чешка и 21-та во својата клупска историја. Славија го обезбеди трофејот на пет кола пред крајот на шампионатот, откако главниот и лут градски ривал Спарта Прага одигра само 2:2 на гостувањето кај Либерец. Така, Славија започна да ја слави титулата уште пред почетокот на нивниот натпревар од колото против Викторија, кој на крајот го добија со убедливи 5:1. Екипата на Славија е недостижна на врвот со 78 бода, Јаблонец е втор со 62, а Спарта е трета со 59 бода и натпревар помалку.
По вчерашната победа над Швајцарија и потврдениот пласман на европското првенство, селекторот и капитен на нашиот национален ракометен состав, Кире Лазаров, направи свој осврт на дуелот и настапот во квалификациите. „Да им се заблагодарам на моите играчи за сето она што го направија во овие четири натпревари. Успеавме да направиме три победи од четири натпревари против реномирани репрезентации. Во денешно време не е лесно да се победи ни една Финска. Денеска одигравме многу квалитетно и покрај сите сомнежи дека нема да го добиеме овој меч. Останавме чесни пред нас, пред Бога, пред нашите фамилии, момците покажаа карактер. Одигравме многу квалитетен…
Зенит стана шампион на Русија, откако денеска го совлада Локомотив (М) во 28. коло од руската Премиер лига со фантастични 6:1. Ова е 8-ма шампионска титула за тимот од Ст. Петерсбург. „Сино-белите“ го освоија рускиот шампионат 7 пати, а исто така на своето конто имаат една шампионска титучла во поранешниот Советски Сојуз, од 1984 година. Тимот од „Газпром Арена“, по третпат, ја освои шампионската титула под водство на главниот тренер Сергеј Семак.
Британската полиција излезе со официјално соопштение за нередите на „Олд Трафорд“ вчера и неодиграното дерби меѓу Манчестер Ј.и Ливерпул. Во објавата се вели: „Навивачите на стадионот беа протерани од полицајците, но однадвор непријателството растеше со фрлање шишиња и огради кон полицијата. Двајца полицајци биле повредени, едниот бил нападнат со шише и добил рана во лицето, по што бил пренесен во болница. По разговорот со Премиер лигата, Општината и клубовите, беше донесена заедничка одлука за одложување на натпреварот од безбедносни причини“, се вели во полициското соопштение. Помошникот главен секретар на полицијата Рас Џексон изјавил: „Однесувањето што денес го покажаа навивачите на…
По пауза од четири години штипска Брегалница се врати во македонската фудбалска елита. Попладнево во Штип, „сините„ со 3:0 го совладаа Кожув и со тоа ја потврдија својата позиција на табелата во источната група. Бакрачески, Дујовски и Манев беа стрелци во победата на Брегалница и потврдениот пласман во елитата. Таму има место и за екипата на Скопје, која попладнево во меч од 25. коло го победи Охрид со 2:0, со головите на Кировски и Јанакиевски. Со тоа момците од Автокоманда го заверија пласманот во Првата лига. Фудбал, ВМФЛ – 25 коло ИСТОК: САСА – ПЛАЧКОВИЦА 1:2 ПОБЕДА – РОСОМАН…
Денеска во Берлин со ждрепка беа одредени групите за престојното големо европско кошаркарско натпреварување – Евробаскетот, кој поради пандемијата наместо оваа, ќе се игра во 2022 година. Дирк Новицки, Роберто Брунамонти и Виктор Саникидзе, кои беа специјални гости на собирот во Берлин, го одредија распоредот на групите. Меѓу поактрактивните ќе биде групата „Б“ во која се селекциите на Словенија и на БиХ, заедно со прворангираните Франција и Литванија. Селекцијата на Хрватска е во групата „Ц“, каде фаворизирани се селекциите на Грција и на Хрватска. Се чини дека најдобра ждрепка доби Србија, која е дел од групата „Д“ во која се…
Вечерва е втората полуфинална пресметка во Лигата на шампионите, прва меѓу ПСЖ и Манчестер Сити. Многумина го дефинираат овој натпревар како финале пред финалето и интересот за него е огромен. И двата тима потрошија стотици милиони во последните години за да триумфираат на овој турнир, но досега не успеаја да ја постигнат својата голема цел. Оваа сезона се чини дека нивните шанси се доста големи, особено што и двата тима се сметаат за главни фаворити за европската круна. Сепак, соништата за единствена круна во Лигата на шампионите ќе бидат изгаснати за еден од двата големи фаворити во најсилното европско клупско…
