Менаџерот на Манчестер Ј., Оле-Гунар Солскјер е лут на луѓето кои ја подготвија програмата за Манчестер Јунајтед во следниот период. Имено, тимот во рок од пет дена од 9 до 13 мај, мора да одигра три натпревари.
„Тоа е нечуено. Тоа го прават луѓе кои никогаш не играле фудбал на тоа ниво. Физички е невозможно за играчите”, рече Солскјер.
Тој не го криеше иразочарувањето од поразот од Рома со 3:2 во реванш полуфиналето од Лигата на Европа.
„Добро е што се пласираме во финалето. Одигравме многу добро полувреме на Олд Трафорд, што ни помогна. Разочаран сум од поразот, особено од начинот на кој постапивме во второто полувреме.“

