Поранешниот шпански репрезентативец Давид Виља сега е дел од раководството на индискиот клуб Одиша. 39-годишниот светски и европски шампион со Шпанија ќе биде одговорен за глобалната фудбалска мрежа на клубот.
Минатата сезона Одиша заврши на 11-тото место во Индискиот шампионат и Виља има големи надежи за заживување на клубот. Минатата сезона, Виља ја заврши кариерата како фудбалер на јапонски Висел Кобе.