Британската полиција излезе со официјално соопштение за нередите на „Олд Трафорд“ вчера и неодиграното дерби меѓу Манчестер Ј.и Ливерпул. Во објавата се вели:
„Навивачите на стадионот беа протерани од полицајците, но однадвор непријателството растеше со фрлање шишиња и огради кон полицијата. Двајца полицајци биле повредени, едниот бил нападнат со шише и добил рана во лицето, по што бил пренесен во болница. По разговорот со Премиер лигата, Општината и клубовите, беше донесена заедничка одлука за одложување на натпреварот од безбедносни причини“, се вели во полициското соопштение.
Помошникот главен секретар на полицијата Рас Џексон изјавил: „Однесувањето што денес го покажаа навивачите на Олд Трафорд беше несовесно и опасно. Ја разбираме страста што многу приврзаници ја чувствуваат за нивниот тим. Направивме планови да се осигураме дека ова може да се случи безбедно, но наскоро стана јасно дека многу присутни немаа намера да го сторат тоа мирно. Почнавме истрага и ќе работиме тесно со нашите партнери за да се осигураме дека ги разбираме целосните околности на денешните настани“, додаде тој.

