Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне и покрај синоќешниот пораз кај Атлетик (Б), верува дека неговиот тим сепак може да стане шампион. „Јорганџиите“ немаат победа на ниту едно од последните 4 гостувања во Примера и ја потрошија предноста пред конкурентите Реал Мадрид и Барселона. „Пред неколку дена ме прашаа кој ќе биде најважниот натпревар до крајот на сезоната. Убеден сум дека психологијата ќе биде од клучно значење. Емоционалната состојба е таа што ќе игра клучна улога во битката за грбот на главата. Обично во Шпанија шампион е или Реал Мадрид или Барселона, ако не ја сметаме 2014 година, кога станавме…
Author: saso
Баерн (М) влезе во преговори со челниците на РБ Лајпциг околу можниот откуп на договорот на 33-годишниот тренер на тимот Јулијан Нагелсман. Со денови во Германија се зборува за заминувањето на Ханси Флик од кормилото на шампионот, а Нагелсман е споменуван како прв кандидат за негов наследник. Повеќе медиуми ја потврдија веста за почетокот на преговорите. Според информација на германските медиуми, Лајпциг има намера да добие 30 милиони евра од Баерн за да му даде „виза“ на Нагелсман да се пресели на кормилото на Баварците.
Ракометниот клуб Пролет синоќа потврди дека има промена на тренерската позиција. Нов шеф на стручниот штаб на клубот е Зоран Кастратовиќ, кој го наследи Никола Матлиески. Пролет и Матлиески се разделија после четиригодишна соработка, а Кастратовиќ се врати по кратка пауза по заминувањето од Металург. „Мило ми е што повторно ќе работам во квалитетен тим од македонскиот шампионат. Запознаен сум со квалитетите на Тинекс Пролет, верувам дека овој состав има потенцијал за да оствари добри резултати до крајот на сезонава. До крајот на сезонава имаме уште шест средби, а само со заедничка работа и максимална ангажираност можеме да стигнеме до…
Менаџерот на Вулверхемптон, Нуњо Еспирито Санто одговори на гласините за негова наводна преселба на кормилото на Тотенхем. Оваа информација се појави на Островот по отпуштањето на Жозе Мурињо на почетокот на оваа недела. „Имам договор со Вулверхемптон. Го потпишав минатиот септември. Тоа беше моја одлука и се држам до неа. Само тоа можам да кажам”, изјави Санто за Мирор.
Барселона му понуди нов договор на Ансу Фати, пренесува Мундо Депортиво. Според изворот, Каталонците сакаат да го продолжат договорот со 18-годишниот Шпанец до 2026 година. Актуелниот договор на фудбалерот важи до крајот на јуни 2022 година. Оваа сезона тој одигра 10 натпревари за Барселона, на кои постигна 5 гола и даде 4 асистенции. Играчот во моментов се опоравува од повредата на менискусот која ја заработи во ноември.
Ешли Јанг по се изгледа ќе го напушти Интер на крајот од сезоната и ќе се пресели во Ватфорд. „Нероазурите“ веднаш тргнаа во ангажман на негов заменик, па по се изгледа нивниот избор ќе падне на дефанзивецот на Ајакс, Николас Таљафико. Според „Кориере дело Спорт“, 28-годишниот фудбалер на Ајакс има одлични настапи оваа сезона, а холандскиот гигант за него ќе побара околу 15 милиони евра. За Таљафико се заинтересирани и Атлетико Мадрид, Лидс Јунајтед и Манчестер Сити.
Арсенал ќе го обнови интересот за германскиот репрезентативец Јулијан Бранд. Една од причините за оваа акција е што Мартин Одегард ќе биде прескап по завршувањето на договорот за закуп од Реал Мадрид. „Топчиите“ сакаат трајно да го ангажираат Норвежанецот, но цената што ја бараат „кралевите“ е превисока од онаа што ја нудат лондончани. Според Билд, цената за Јулијан Бранд е поприфатлива за Арсенал и се очекува преговорите меѓу раководството на англискиот клуб и Борусија Дортмунд да започнат во следните неколку недели.
ПСЖ нема намера да го откупи договорот на Алесандро Флоренци, кој беше ангажиран во Рома на позајмица оваа сезона. Клубот ги смени своите планови за играчот откако Маурисио Покетино ја презеде функцијата главен тренер. Износот предвиден за договор на трајна основа е 9 милиони евра, кој ПСЖ не сака да ги плати за Флоренци. 30-годишниот Италијанец има одиграно 30 натпревари за парижаните, на кои има 2 гола и 1 асистенција.
Симе Симовски повеќе не е селектор на македонската женска ракометна репрезентација. РФМ на освојата официјална страница извести дека соработката со него е спогодбено раскината. „Ракометната Федерација на Македонија ја информира јавноста дека Македонската куќа на ракометот и г. Симе Симовски, на 22 април 2021 г., взаемно се спогодија да ја прекинат соработката за ангажманот на женските национални селекции. Ракометната Федерација на Македонија упатува благодарност за досегашниот ангажман на г. Симе Симовски кој ја извршуваше оваа функција непречено во периодот септември 2015 – април 2021 година. Управниот Одбор на РФМ во периодот кој следи ќе назначи нов вршител на функцијата Селектор…
Првиот човек на францускиот шампион ПСЖ, Насер Ал-Келаифи, кој немаше намера да се приклучи на Суперлигата, е новиот претседател на Европската асоцијација на клубови (ЕЦА). Катарскиот магнат го замени на позицијата досегашниот претседател и прв човек на Јувентус, Андреа Ањели, кој беше еден од иницијаторите на неуспешниот проект. „На фудбалот му требаат вистински луѓе на лидерските позиции, а Насер е личност која во минатото докажа дека е во состојба да ги штити не само своите, туку и интересите на другите клубови, што е предуслов за позицијата претседател на Здружението на Европски клубови“, рече првиот човек на Европската фудбалска асоцијација (УЕФА),…
