Баерн (М) влезе во преговори со челниците на РБ Лајпциг околу можниот откуп на договорот на 33-годишниот тренер на тимот Јулијан Нагелсман.
Со денови во Германија се зборува за заминувањето на Ханси Флик од кормилото на шампионот, а Нагелсман е споменуван како прв кандидат за негов наследник. Повеќе медиуми ја потврдија веста за почетокот на преговорите.
Според информација на германските медиуми, Лајпциг има намера да добие 30 милиони евра од Баерн за да му даде „виза“ на Нагелсман да се пресели на кормилото на Баварците.

