Ешли Јанг по се изгледа ќе го напушти Интер на крајот од сезоната и ќе се пресели во Ватфорд. „Нероазурите“ веднаш тргнаа во ангажман на негов заменик, па по се изгледа нивниот избор ќе падне на дефанзивецот на Ајакс, Николас Таљафико.
Според „Кориере дело Спорт“, 28-годишниот фудбалер на Ајакс има одлични настапи оваа сезона, а холандскиот гигант за него ќе побара околу 15 милиони евра.
За Таљафико се заинтересирани и Атлетико Мадрид, Лидс Јунајтед и Манчестер Сити.

